Македонија
Ковачевски – Агелер: Поддршка од САД во пресрет на следните чекори во евро-интегративниот процес
Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.
Средбата е дел од редовниот дијалог со американската амбасадорка по однос на заеднички теми од дневен ред во односите меѓу двете земји и доаѓа по посетата на премиерот Ковачевски на Соединетите Американски Држави, минатата недела.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за недвосмислената поддршка за нашата земја добиена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата која се одржа на 9 Мај во Вашингтон, а посебно во пресрет на следните чекори во евро-интегративниот процес на земјата, информираат владините служби.
Заемно беше нагласена заложбата за севкупен развој на пријателските, билатерални и економски односи меѓу Северна Македонија и САД, како сојузници во НАТО, но и како две земји кои споделуваат заеднички вредности.
Амбасадорката Агелер ја пренесе цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Северна Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

