Македонија
Иницијатор на црните списоци е Стево Пендаровски, тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев
Бугарија категорично не се однесува со Северна Македонија како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковчев во настап за бугарската БТВ.
„Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивни функционери, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“ со бугарски граѓани, изјави европратеникот Андреј Ковачев.
„Бевме толку возбудени што не сметавме дека е потребно да ги разјасниме нашите проблеми надвор од територијата на Бугарија. Мислевме дека на братски начин ќе успееме да ги надминеме повеќедецениското несогласување и омразата и на тој начин самите да ги надминеме проблемите“, потенцира Ковачев.
„Повеќе од 25 години молчиме на оваа тема, но ве уверувам дека во секоја декларација во ЕУ пишува за дискриминација на Бугарите“, додава европратеникот.
„Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје, ако тврдиш дека си Бугарин, е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство“, рече тој.
„Имаме земја во која моментот од југословенската идеологија продолжува и сега. Не велам дека ние сме совршени, но има многу проблеми и кај соседите. И двете земји имаат долг пат“, категорично рече Ковачев.
Според него, историската комисија е апсолутно блокирана и не работи. „Вистината за историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да нè натерате да замолчиме пред дискриминацијата и историските факти“, заклучува европратеникот Ковачев за бугарската БТВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

