Македонија
Бендевска: Имаме пораст на претставките за дискриминација од речиси 290 отсто во 2022 година
Со геометриска прогресија пораснал бројот на претставки што ги добила Комисијата за заштита од дискриминација во 2022 година во споредба со 2021 година. Комисијата денес го презентира годишниот извештај за работата во 2022 година, втората година по формирањето.
„Кога многумина сметаа дека нашата борба личи на борба со ветерници, како колективно тело покажавме и докажавме дека кога се сака со посветеност, со енергија и огромна одговорност, ние успеавме да ја изградиме оваа институција буквално од нула. Иако во 2021 година почнавме без простории, опрема и кадровски потенцијал, денес ќе говориме за нашата реализација во 2022 година. Денес сме веќе етаблирана институција, која и покрај хроничниот недостиг од кадровски и финансиски потенцијал, постигнува резултати. Доказ за тоа е фактот дека бројот на поднесени претставки пред Комисијата енормно расте, со геометриска прогресија. Од 86 претставки поднесени во 2021 година бројот нарасна на 248 во 2022 година. Тоа е пораст од речиси 290 % и тоа е најголемиот доказ дека довербата на граѓаните во оваа институција секојдневно расте“, рече Весна Бендевска, членка на Комисијата пред денешната презентација на извештајот за работењето.
Зголемениот број претставки за неа е показател дека Комисијата е на вистински пат да ја реализира стратешка цел и визија – да биде препознаена како релевантен кредибилен фактор во демократизација на општеството во борбата против дискриминацијата на секој граѓанин, без оглед на различностите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

