Македонија
Ѕидови што течат, факултети без услови за работа – Атанас Кочов, кандидатот за ректор на УКИМ, за универзитетските проблеми
Појаснувајќи ги актуелните состојби на УКИМ, кандидатот за ректор, Атанас Кочов, во интервју за „Макфакс“ истакнува дека е потребна заемна соработка на идниот ректор и тимот на вработени за подобрување и издигнување на Универзитетот од состојбата во која се наоѓа.
Не претендирам за ректорската позиција, дециден е Кочов, за да бидам менаџер, туку одам да бидам лидер и се откажувам од сите приходи што му следуваат на ректорот. Останувам на мојата плата од Машинскиот факултет, додава кандидатот за ректор.
Предочува дека и професорите и студентите работат во тешки услови, како инфраструктурни така и материјални.
Професорските плати, како што истакнува, никогаш не биле пониски.
Некогаш се случува, како што објаснува, нивните колеги од штипскиот или тетовскиот универзитет да имаат многу повисоки плати во однос на УКИМ.
„Ако ги споредиме платите, ќе видите дека на УКИМ платата на професор е меѓу 700 до 800, можеби до 1.000 евра. Од друга страна, моите колеги од штипскиот или тетовскиот универзитет имаат и над 1.000 евра плата“, вели универзитетскиот професор.
За стандардот на студентите, прецизира дека немаат студентски домови, а сите други универзитети имаат. Зошто, прашува професорот, тоа да не биде решено на тој начин што на имотот на УКИМ ќе се направи јавно-приватно партнерство.
„Мора да се потрудиме на студентите да им ги обезбедиме сите можности за да имаат човечки услови за творење. Дали тоа ќе бидат мали студентски домови во кампуси, дали ќе бидат поголеми студентски домови, но ние како универзитет мора да се погрижиме за студентите што не се од Скопје да имаат добри услови, да имаат училница со компјутерска опрема, да имаат културни и спортски центри“.
Ѕидови што течат, пропаднати спортски сали, факултети без основните услови за работа, се само некои од проблемите на УКИМ, укажува Кочов.
Детаљно за состојбата на УКИМ и со кои предизвици ќе се соочи идниот ректор на најстариот универзитет, во интервјуто на „Макфакс“ со Атанас Кочов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

