Црна хроника
Три автомобили се судриле на патот Штип – Кадрифаково, пет лица добиле повреди
Вчера, околу 15.10 часот, во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – село Кадрифаково, во близина на надвозникот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С. В. (52), патничко возило „фиат“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л. Х. (51), двајцата од с. Мустафино, Светиниколско, и патничко возило „опел“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И. Д. (38) од с. Анзибегово, Светиниколско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на „опелот“, И. Д., а телесни повреди добиле возачот на „фиатот“, Л. Х., сопатниците од возилото „опел“, Б. С. (24) и Ф. Х. (26), двајцата од Свети Николе, и сопатникот од возилото „фолксваген“, Д. П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

