Македонија
Општина Аеродром како партнер се вклучува во кампањата на АУЕ – ФОН: „20 години, 200 компании, 2.000 стипендии“
Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Општина Аеродром денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што една од најголемата единица на локална самоуправа на територија на Град Скопје се вклучува како партнер во кампањата на Универзитетот „20 години, 200 компании, 2000 стипендии“.
Со Меморандумот, кој го потпишаа генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, м-р Сефер Цаноски и градоначалникот на Општина Аеродром, доц.д-р Тимчо Муцунски Универзитетот ја проширува листата на партнери и дополнително ја зајакнува и продлабочува соработката со институциите, компаниите и единиците за локална самоуправа, со што се обезбедуваат поволности за студентите, но и за вработените од Општина Аеродром, придонесувајќи за зајакнување на капацитетите на кадри согласно потребите на пазарот на труд.

Меморандумот предвидува Универзитетот и Општината да соработуваат пред сè во сферата на едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на кадри во повеќе стручни и научни области. Во таа насока, предвидено е Општина Аеродром работно да ангажира студенти од АУЕ – ФОН, како дел од проектот „Студирај и работи“ кој го реализира Универзитетот.
Соработката помеѓу АУЕ – ФОН и Општина Аеродром ќе се реализира преку различни форми, при што треба да се потенцира стручната и научната експертиза од страна на Универзитетот при подготовка на стратешки плански и програмски документи и законски подзаконски и други акти во надлежност на општината.

Како резултат на потпишаниот Меморандум, Универзитетот ќе се вклучи и во едукација, образование, усовршување, оспособување и обука на вработени во општината и нивните потесни семејства, а како резултат на продлабочената соработка, предвидено е двете страни заеднички да организираат семинари, курсеви, обуки и други форми на доусовршување.
Дополнително, Меморандумот предвидува и ангажирање на експерти на општината во наставниот процес на АУЕ – ФОН за клиничка настава, но и изведување на практична обука на студентите во Општина Аеродром, која ќе им овозможи стручно усовршување и подготовка за сигурна и успешна кариера.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со Христоски, Крушево стана европски центар за параглајдерство, реализирани се и преку 70 капитални инвестиции, рече Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани.
„Во сите места во крушевксиот регион има што да се види. Што Томе со својата посветена, искрена, чесна работа и со својата визија за развој на регионот, има направено-асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени станици.Се направи за Крушево да го постави на мапата на туризмот, не само во Европа, во светот, посебно во еден спорт – тоа е параглајдерството. Со инвестицијата за параглајдерството која се направи изминатите години, од едно запуштено место, стане место во кое што се одвиваат европски и светски првенства по параглајдерство. И тоа е Томе со неговиот тим“, рече Филипче.
Во изјавата за медиуми тој додаде дека Крушево е рекордер по реализација на проекти. Во мандатите на Христоски се реализирани преку 70 капитални инвестиции. Како што кажа Филипче, само 80 гласа му фалеа на Христоски за победа во првиот круг, што ја потврдува неговата успешна работа како градоначалник, но и јасно ја изразува волјата на граѓаните на Крушево дека тој треба да продолжи да ја води општината.
Филипче нагласи дека неговиот противник од ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување нема да може да ја поништи волјата на граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ со закани, со уцени, со поткуп, сметам дека нема да може што и да направат нешто и да ја поништат очигледната волја на граѓаните, коишто сакаат да видат уште еден мандат на Томе и неговиот тим, тим којшто не прави никаква поделба, ниту по политичка, ниту по етничка припадност. Овој регион, оваа општина, овие места, Крушево заслужува само само градоначалник како Томе и неговите советници, за да овој регион продолжи да се развива така како што тоа беше во измитнатите години“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Министерот Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работен состанок со деканот на Медицински факултет при УКИМ, проф. д-р Светозар Антовиќ и шефови на катедри од овој факултет, на кој се зборуваше за ревизија и унапредување на структурата, времетраењето и содржината на специјализациите и супспецијализациите на здравствени работници и здравствени соработници со високо образование од областа на медицината.
„Откако ја презедов министерската функција, еден од приоритетите ми е унапредување на човечките ресурси, со цел усогласување со реалните потреби на здравствениот систем, навременоста и квалитетот на услугите кои се обезбедуваат во секундарното и терциерното здравство“, рече министерот Азир Алуи на состанокот во Министерството за здравство.
Овој работен состанок е дел од поширок процес на реформи во здравствениот систем, кои се насочени кон редифинирање на постојните гранки на специјализација, со цел надминување на проблемот со тесно профилирани специјалисти и зајакнување на широки специјализации, како што се интерна медицина и општа хирургија, скратување на времетраењето на одредени специјализации, со цел мотивација на младите лекари, и редефинирање на супспецијализациите согласно реалните кадровски потреби на здравствениот систем.
Македонија
Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во „Систина“
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, најави проект за бесплатни прегледи за остеопороза во соработка со приватната болница „Аџибадем Систина“.
Тој истакна дека по неговото доаѓање на градоначалничката функција, по 10 жени постари од 50 години месечно ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза, што ќе биде дел од поширока иницијатива за превентивна здравствена заштита.
Лукровски додаде дека целта е „општината да биде сервис за уште подобри услови за работа во здравствените установи, како пред сè за пациентите така и за вработените“.
„Со моето доаѓање во општината дојдов со предлог да отпочнеме со превентива кај популацијата на жени над 50 годишна возраст и договоривме пакет или ветување дека месечно по 10 жени односно 120 годишно, и ако тоа го преточиме во еден, нели, градоначалнички мандат, 480 жени, госпоѓи ќе добијат преглед во делот на борба против остеопорозата преку Декса скен, мислење и понатамошен третман,“ изјави Лукровски.
Тој се заблагодари на менаџментот и лекарскиот тим на болницата и додаде дека веќе разговарале и за други можности со кои општината може да помогне на граѓаните.

