Македонија
177 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престигнување и престројување. Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците, а не оставија буџет ниту за исплата на основните плати
Срамно е СДС да зборува за покачување на платите на наставниците и да се поставува во улога на нивен заштитник, кога во буџетот не оставија средства за исплата ниту на основните плати до крајот на календарската година, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите.
„Манипулираат со податоци за покачувања на плати, кои патем, инфлацијата што самите ја создадоа, целосно ги анулираше и како и сите други граѓани, така ги доведе и наставниците во исклучително тешка економска положба.
СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ буџетот за образование за 2024 година го потрошија во првите 6 месеци од годината. Новото раководство на министерството наследи буџетски дефицит од 5 милијарди денари. Немаше пари ниту за исплата на основните плати на наставниците, а не пак за нивно покачување. Иако во СДСМ се свесни дека наставниците го знаат ова, немаат проблем да се претставуваат како нивни поддржувачи.
Новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства во износ од 900 милиони денари за да можат наставниците да добиваат плата до крајот на тековната година. Во новиот буџет веќе се предвидени и средства за нивно зголемување следната година.
Освен на подобрувањето на материјалниот статус на наставниците, програмата на Владата предвидува и повеќе можности за кариерен и професионален развој, значително подобрување на условите за работа, како враќање на општествената вредност и почит кон наставничката професија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници
Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието за престанок на важноста на нелегалните лиценци за он-лајн коцкарници издадени од Владата на ДУИ, а со тоа и запирање на он-лајн коцкањето во државата.
„Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги доделија на српски фирми, црногорски и други. Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во своите компјутери од дома и од училиште. Ветувањето пред изборите, денес станува реалност. Остануваме луѓе од збор. Нема да дозволиме личното богатење на поединци од претходната Влада да биде причина за илјадници осиромашени семејства на наши сограѓани“, рече Меџити.
Како што додаде, врвен приоритет на владата е заштитата на граѓаните, а посебно на младите луѓе.
„Да ги заштитиме од долгови, банкрот, зависност од коцкање, последователно да ги заштитиме од социјални и фамилијарни потешкотии, да ги заштитиме од судир со законот и нелегални активности кои секогаш се последица на коцкањето“, изјави Меџити.
Според него, отсуството на јасна процедура, претходната Влада свесно ја користела за создавање на нови и нови компании за он-лајн и интернет коцкање, а интерес имале поединци од врвот на ДУИ и претходната Влада, додека штетата била на илјадници наши сограѓани.
„Ветивме дека ќе се бориме против ова зло, денес покажуваме на дело. Нема да запреме додека не создадеме услови за пристоен живот”, рече Меџити.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изгласа нов закон заедно со дестабилизаторите од ДУИ
Од опозициската партија оценуваат дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ си функционира.
„Во Собранието денеска токму со гласовите на ДУИ власта обезбеди двотретинско мнозинство и беа усвоени измените на Законот за локална самоуправа.
Додека во јавност Мицкоски демек ги напаѓа во Собрание си ги реализираат диловите.
ВМРО-ДПМНЕ реализираше уште еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ.
Пред околу 1 месеци ДПМНЕ и ДУИ исто така со заеднички гласови формираа тело за следење на правична застапеност на заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.
Значи наутро Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата и дека се криминалци а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички дилови со ДУИ“, реагираат од СДСМ.
Договарања под маса, манипулации и лажните јавни конфликти меѓу двете партии, според нив, се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат.