Регион
Товарен воз налетал на 90-годишен возач кој поминувал на затворен премин во Гуња
Околу 9 часот и 30 минути во Гуња, во Хрватска се случила сообраќајна несреќа во која едно лице загинало.
Според првичните информации, 90-годишен маж, управувајќи автомобил со регистерски таблички, поминувал додека преминот бил затворен, а во неговиот автомобил удрил товарен воз управуван од 36-годишен маж од Иванково.
Итната медицинска помош на лице место констатирала смрт на возачот на автомобилот.
Увидот за сообраќајната несреќа е во тек, поради што жупанискиот пат Гуња-Дреновци е затворен за секаков сообраќај, јавија хрватските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Најмалку 14 загинати во Јабланица, објавена првата официјална информација за жртвите од поплавите во БиХ
Дарко Јукан, раководител на Секторот за односи со јавноста, потврди дека во Јабланица загинале најмалку 14 лица.
Тој објави дека се пронајдени 14 тела и дека има многу жртви, а најкритична е состојбата во областа Долна Јабланица, на патот од Мостар кон Сараево, по обилните врнежи во текот на ноќта, што предизвика одрони и свлечишта на југот на Босна и Херцеговина.
Јабланица сè уште е целосно отсечена од остатокот на БиХ. Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, претходно изјави дека има неофицијални информации за најмалку 20 жртви во Јабланица.
Тој изјави дека се ангажирани припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина, полицијата и меѓународните сили, кои се на обука и дека има проблеми со прекин на комуникациите.
„Ќе побараме помош од меѓународната заедница и од другите земји“, додаде тој за „Ал џезира“.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина ќе бидат ангажирани со полн капацитет да му помогнат на населението во поплавените подрачја, изјави министерот Хелез за „Аваз“.
„Трудницата, чие дете ѝ почина во утробата, е евакуирана од подрачјата погодени од поплавите на југот на Босна и Херцеговина и е оперирана во Мостар“, изјави Ламија Дурановиќ, директор на кантоналната болница „Д-р Сафет Муиќ“, за Радио Слободна Европа.
Регион
Исчезна пат поради порои во Босна и Херцеговина, пруга виси во воздух
Во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица во Босна и Херцеговина, патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.
Малку претходно Планинарската служба за спасување (ГСС) Јабланица ги повика жителите да се обратат за помош и пожарникарите со заеднички сили се обидат да ги спасат загрозените од поплавите предизвикани од обилните врнежи во текот на ноќта. Потврдено е дека Јабланица е целосно блокирана.
„Полицијата нè извести дека е блокирана и пругата. Во моментот не можете да влезете или да излезете од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилните немаат сигнал“, велат од ГСС.
Поради големите поплави и одрони, загрозено е голем дел од населението, а според достапните информации, има голем број повредени и исчезнати лица.
Регион
(Видео) Центарот на Будва под вода, Хрватска воведе итни мерки поради поплавите, во Подгорица автомобили едвај поминуваат низ водата
Силно невреме проследено со дожд и ветер ја зафати Хрватска. Огромно количество дожд наврна на Истра, а реката Купа во Карловац го надмина водостојот од 750 сантиметри. Во Црна Гора синоќа имало големо количество врнежи поради што поплавени се улиците во Будва и Подгорица, а во Словенија паѓа снег.
Според началникот на пожарникарската жупанија, Дино Козлевац, противпожарните единици во Истра имале 32 интервенции во изминатите 24 часа поради поплави. Пожарникарите интервенирале 13 пати само на подрачјето на Порече, а девет интервенции имале на подрачјето на Пула, шест на подрачјето на Пазин и по една во Ровињ, Умаг, Лабин и Бузет.
„Пожарникарите најмногу интервенираа и излегоа на терен за да ги отстранат дрвјата што паднаа на коловозите поради силниот ветер, но имаа и интервенции за испумпување на водата. Во тие настани нема загинати, но причинета е материјална штета. Сè на сè, состојбата во моментот е поволна“, рече Козлевац.
Во Карловац во седум часот утринава надминат е водостојот на реката Купа од 750 сантиметри и влезе во фаза на вонредни мерки за одбрана од поплави, а се зголемува за 10-ина сантиметри на час. Како што е најавено, нивото на водата ќе се зголемува до попладневните часови за кога се најавува врвот на водниот бран, кој треба да надмине 800 сантиметри.
„Поради водата, затворени се патиштата во Бродарци, покрај Купа, Селац, Кобилиќ и Броѓани“, соопштија локалните власти.
Поплави и во Подгорица
Силниот дожд што наврна синоќа во Подгорица предизвика поплави на неколку улици.
Најлошо е во Забјело, а на социјалните мрежи се објавени видеа од автомобили како едвај поминуваат низ поплавените улици.
Во Спуз се поплавени дворови на куќи, а во целата земја е вклушен црвен метео-аларм.
View this post on Instagram