Свет
Ерменија е подготвена да го признае Нагорно Карабах како дел од Азербејџан
Ерменија е подготвена да го признае Нагорно Карабах како дел од Азербејџан.
Конфликтите во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември и се најтешки од 1990-тите, кога загинаа околу 30.000 луѓе. Двете страни пријавија жртви, вклучително и цивили, додека Азербејџан не објавува воени жртви.
Страните постигнаа договор за прекин на огнот, но постојано меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Амбасадорите на ЕУ и САД во Москва нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
Амбасадорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Москва нема да присуствуваат на церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече дека оваа одлука е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на блокот.
„Нашиот амбасадор нема да присуствува, повеќето земји-членки нема да присуствуваат“, рече Стано, а пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.
Ројтерс вчера објави дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија која нема да испрати свој претставник.
Неименуван извор за агенцијата изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресијата во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека има прекршување на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.
Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.
Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.
Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат.
Путин на претседателските избори во март освои 87,28 отсто од гласовите.
Свет
Автобус излета од патот и се преврте во Перу: најмалку 10 загинати меѓу нив и шестмесечно бебе
Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.
Меѓуградскиот автобус се движел на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.
Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.
Државната телевизија Перу Нотицијас објави дека повредените, од кои некои се со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.
Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.
Свет
Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен
Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој се граничи со Египет, и дека специјалните сили ја проверуваат областа.
Армијата соопшти дека од синоќа силите „оперираат“ во источниот дел на Рафа, каде што повеќето луѓе и некои меѓународни организации се евакуирани.
Во раниот утрински брифинг со новинарите беше речено и дека преминот Керем Шалом утрово е затворен од безбедносни причини и ќе биде отворен кога ќе дозволи безбедносната ситуација. Портпаролот на граничната служба во Газа изјави дека израелски тенкови се распоредени долж преминот Рафа.
Тројца хуманитарни извори за Ројтерс изјавија дека протокот на хуманитарна помош преку преминот е запрен.