Црна хроника
Пронајдени тројцата мотоциклисти, кои на Плачковица се оддалечиле од групата

Утрово во 07.30 часот на планината Плачковица, во близина на хидроцентралата во изградба на Зрновска Река, кочанско, полициски службеници од СВР Штип во координација со претставници на Off-Road клуб Штип ги пронашле тројцата мотоциклисти А.С., С.Д. и Б.Т., сите од Штип.
На 21.05.2023, заедно со група мотоциклисти, тие се движеле со мотоцикли на планината Плачковица и околу 19.00 часот се издвоиле од групата кон с.Зрновци, по што биле недостапни.
Тројцата мотоциклисти се пронајдени кај местото Казандол, неповредени, во добра здравствена состојба и се вратени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Заталкан куршум оштетил ветробранско стакло на паркирано возило

Синоќа во 21.25 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од с.Глумово, скопско, пријавил дека во дворот на семејната куќа во с.Глумово паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на неговото паркирано возило „фолксваген пасат“.
Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа во Струмичко

Во Полициската станица Струмица вчера во 05.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат 1402, на крстосница за селата Банско, Габрово и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица и патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(32) од село Колешино, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката во патничко возило „фолксваген туран“, Е.А.(53) од Струмица, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „фолксваген“ , С.М.(32) од Струмица, С.Н.(49) од село Банско, струмичко, А.А.(52) од Радовиш, А.А.(28) од Струмица и 17 -годишник од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Загина 38-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот

Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.