Спорт
Модриќ ќе ја предводи Хрватска на завршниот турнир на ЛН

На 12 јуни Хрватска ќе игра против Холандија во полуфиналето од Лигата на нации во Ротердам. Финалето и натпреварот за третото место ќе се играат на 18 јуни, а другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Италија и Шпанија.
Подготовките на Хрватска ќе ги започне за две недели во Риека. Селекторот Златко Далиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета во борбата за трофејот. Хрватска на завршниот турнир ќе ја предводи Лука Модриќ.
На списокот првпат се најде младиот центарфор Дион Дрена Бељо (21), кој од јануари настапува во германски Аугсбург. Бељо му го зеде местото на Мислав Оршиќ, кој воопшто не игра во Саутемптон откако во јануари се пресели во овој клуб.
Голмани: Доминик Ливаковиќ (Динамо), Ивица Ивушиќ (Пафос), Недиљко Лабровиќ (Риека)
Одбрана: Јосип Јурановиќ (Унион Берлин), Домагој Вида (АЕК), Јошко Гвардиол (РБ Лајпциг), Јосип Шутало (Динамо), Мартин Ерлиќ (Сасуоло), Борна Соса (Штутгарт), Борна Баришиќ (Ренџерс), Јосип Станиши (Бајерн)
Ред за врска: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Марцело Брозовиќ (Интер), Матео Ковачиќ (Челзи), Ловро Мајер (Рен), Никола Влашиќ (Торино), Марио Пашалиќ (Аталанта), Лука Иванушец (Динамо)
Напад: Иван Перишиќ (Тотенхем), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Марко Ливаја (Хајдук), Бруно Петковиќ (Динамо), Петар Муса (Бенфика), Дион Дрена Бељо (Аугсбург).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Романо: Сити најде замена за Де Брујн, тоа ќе ги чини 100 милиони фунти

Кевин Де Брујн ќе остане запаметен како еден од најважните фудбалери во историјата на Манчестер Сити. Помина десет години во клубот, ги освои сите трофеи и постојано беше меѓу главните лидери на играта. Замената на играч од неговата класа ќе биде многу напорна задача, но Пеп Гвардиола и неговите колеги веќе мора да размислуваат да продолжат без него.
Како што пренесува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Манчестер Сити покажува интерес за Морган Гибс-Вајт (25). Англискиот играч за врска имаше многу забележителна сезона, како и целиот тим на Нотингем Форест, кој пружа одлични партии во Премиер лигата. Гибс-Вајт игра како офанзивен играч за врска, а Гвардиола наводно го гледа како потенцијална замена за Де Брујн. Гибс-Вајт сака да се приклучи на СитиРомано додава дека Манчестер Сити планира да ги забрза преговорите во наредните недели бидејќи Гибс-Вајт е меѓу нивните приоритети.
Проблем може да биде високата отштета што Нотингем Форест ја бара за својот играч. Според „ТалкСпорт“, Форест бара 100 милиони фунти или околу 117,5 милиони евра. Иако е познато дека Манчестер Сити има големи финансиски средства, сумата може да биде бариера дури и за нив.
Останува да се види дали Нотингем Форест ќе биде подготвен да ја намали цената, бидејќи се вели дека Гибс-Вајт има голема желба да се приклучи на тимот на Гвардиола.
Спорт
Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари. На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, па следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173.
Но, ако се погледне процентот на натпревари на кои голманите во Ла Лига останаа непоразени, Облак е убедливо на првото место. Верувале или не, Облак остана непоразен во Примера со 48%, потоа Виктор Валдес со 44%, Бујо со 39%, Зубизарета со 37%, а последен во топ 5 е Икер Касиљас со 34%.
Во превод, Облак е на добар пат да стане најдобар голман во историјата на Ла Лига, доколку остане уште две или три години во Атлетико…
Спорт
Рагник: Откако заминав, Јунајтед потроши 800 милиони за да биде уште полош

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се осврна на периодот кога работеше во Манчестер Јунајтед пред три и пол години, како оперативец и како менаџер.
Во тоа време, тој имаше неколку интересни предлози кои не беа прифатени од англискиот гигант.
Тој брзо си замина, Ерик тен Хаг го наследи, а откако не ги исполни очеквањата на неговото место дојде Рубен Аморим. Ниту Португалецот не успеа да ги порави работите, проблемите се исти како и тогаш.
„На крајот од таа сезона кога бев во клубот, требаше да се направат само неколку основни работи. И, всушност, од тогаш до денес, беа потрошени 750 или 800 милиони евра, а на табелата во Премиер лигата клубот е драматично полош отколку што беше тогаш“, рече Рангник и додаде:
„Го доведоа Аморим на средина од сезоната, кој игра со тројца или петмина во последната линија, а тимот е прилагоден да игра со четворица во одбраната. Сето ова е јасно видливо на теренот, особено во Премиер лигата против тимови што Манчестер Јунајтед би морал да ги победи. Во ред, во Лига Европа успеаја да свртат некои ситуации, како против Лион“, рече германскиот стручњак.
И покрај сите неволји, Манчестер Јунајтед е на добар пат да се пласира во финалето на Лига Европа. Освојувањето на трофејот во ова натпреварување би му обезбедили место на Јунајтед во Лигата на шампионите, иако е само 14-ти во Премиер лигата.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, Јунајтед го победи Атлетик во Билбао со 3:0, и треба да се случи вистинско чудо за да не се најдат во борбата за трофејот. Во финалето ќе играат против подобриот од двата натпревари, Тотенхем – Боде Глимт. Клубот од Лондон го доби првиот натпревар на домашен терен со 3:1.
„Со освојувањето на Лигата на Европа, тој би можел да ја спаси сезоната, бидејќи би се квалификувал за Лигата на шампионите. Се друго би било разочарување и би било интересно да се види што ќе се случи потоа“, заклучи тренерот на Австрија.