Контакт

Спорт

Столе Димитриевски: Би потпишал и доживотен договор со Рајо

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски би сакал до крајот на кариерата да го носи дресот на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано. Тој за шпанските медиуми истакна дека не би имал проблем да потпише и доживотен договор со Рајо, затоа што чувствува дека е максимално ценет и почитуван во клубот и е во одличен однос со фановите на тимот.

dobivaj vesti na viber

„Им кажав во клубот дека сакам да останам и ако треба да потпишам договор до 2029 година, ќе го сторам тоа. Ако треба да потпишам договор до почетокот на тренерска кариера – ќе го сторам тоа. Ако треба да останам до крајот на животот, немам проблем. Многу сум благодарен на овој клуб, се чувствувам прекрасно. Овде сум почитуван, ми дадоа шанса, а јас се трудам секогаш да до дадам најдоброто од себе за клубот. Штотуку собрав 150 настапи за Рајо и би сакал уште 300. Навивачите, клубот, тие ми ја дадоа љубовта поради која јас се идентификувам со Рајо Валјекано“, изјави Столе Димитриевски.

Рајо Валјекано и Столе Димитриевски утре ги очекува дуел со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а тимот сѐ уште има шанси и за излез на европска сцена.

Спорт

Роналдо му беше идол на момче од Грузија, а синоќа сензационално го пoбеди и му го зеде дресот

Објавено пред

Неверојатна приказна го доби својот епилог синоќа на натпреварот помеѓу Португалија и Грузија.

dobivaj vesti na viber

Се’ е можно доколку се посветите на себе и на својот развој, а тоа го покажаа и борбените Грузијци кои сензационално триумфираа против фаворизираната Португалија и се пласираа во осминафиналето на ЕП.

Пред 10 години, кога уште беа деца, како навивачи се фотографираа со него, а синоќа на ЕП играа против легендарниот Португалец.

Во 2013 година Роналдо ги посети Тбилиси и младинската академија на Динамо, каде што играше денешната ѕвезда на Наполи, Квич Кварацхелија, а уште десетмина ги исполнија своите соништа играјќи на големата сцена против својот поранешен идол.

По натпреварот Квич отиде да се поздрави со Роналдо, а подоцна на Инстаграм објави дека добил дрес од Португалецот.

Животот навистина пишува романи…

Роналдо беше ѕвезда на отворањето на академијата која традиционално дава најмногу играчи за грузиската репрезентација. Така било отсекогаш, но отворањето на академијата на Динамо пред 11 години помогна нивниот фудбал да се подигне на едно ново ниво, односно на она на кое се сега.

Заедно со Кварацхелија, во академијата се приклучија и останатите ѕвезди на репрезентацијата, како голманот на Валенсија Мамардашвили или Давиташвили од Бордо. Клучните грузиски играчи како Мекавабишвили, Чакветадзе и Кочорашвили беа и во академијата на Динамо во 2013 година кога пристигна Роналдо.

Португалците во осминафиналето на 1 јули ќе играат со Словенија, а ден претходно Грузијците ќе се соочат со Шпанците.

Прикажи повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Грузија е новата бајка на европското првенство

Објавено пред



dobivaj vesti na viber

Грузиските фудбалери го продолжуваат натпреварувањето на Европското првенство.

Во последното коло од групната фаза ја совладаа Португалија со 2:0 и како третопласирани од групата Ф ќе играат во осминафиналето на ЕП 2024.

Тие извојуваа одлична победа против комбинираниот тим на Португалија благодарение на головите на Хвича Кваратскелија во втората минута и Јоргос Микаутадзе од пенал во 57. минута.

Португалија го загуби натпреварот, а поразот беше нешто што можеше да си го дозволи, бидејќи не влијаеше на нивниот конечен пласман во групата Ф. Португалците во текот на натпреварот се бореа против Грузија, која беше храбра и паметна и ја заслужи среќата што им беше наклонета.

Грузијците својот величенствен дебитантски настап на ЕП го почнаа со пораз од Турција, а потоа одиграа нерешено со Чешка и кога беше најпотребно, против најдобриот ривал од групата, покажаа дека заслужиле да поминат .

Грузија во осминафиналето ќе игра против Шпанија, селекцијата која според многу експерти е најголемиот фаворит за освојување на овој турнир. Шпанија досега е непоразена во натпреварувањето и нема примено ниту еден гол, постигнувајќи пет.

Португалија како првопласирана од групата ќе игра против Словенија, третопласираната од групата Ц. Чешка го заврши своето учество на турнирот.

Кристијано Роналдо за прв пат во кариерата не успеа да постигне гол во групната фаза на еден голем турнир.

Прикажи повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Грузија е новата бајка на европското првенство

Објавено пред

Грузиските фудбалери го продолжуваат натпреварувањето на Европското првенство.

dobivaj vesti na viber

Во последното коло од групната фаза ја совладаа Португалија со 2:0 и како третопласирани од групата Ф ќе играат во осминафиналето на ЕП 2024.

Тие извојуваа одлична победа против комбинираниот тим на Португалија благодарение на головите на Хвича Кваратскелија во втората минута и Јоргос Микаутадзе од пенал во 57. минута.

Португалија го загуби натпреварот, а поразот беше нешто што можеше да си го дозволи, бидејќи не влијаеше на нивниот конечен пласман во групата Ф.

Португалците во текот на натпреварот се бореа против Грузија, која беше храбра и паметна и ја заслужи среќата што им беше наклонета.

Грузијците својот величенствен дебитантски настап на ЕП го почнаа со пораз од Турција, а потоа одиграа нерешено со Чешка и кога беше најпотребно, против најдобриот ривал од групата, покажаа дека заслужиле да поминат .

Грузија во осминафиналето ќе игра против Шпанија, селекцијата која според многу експерти е најголемиот фаворит за освојување на овој турнир. Шпанија досега е непоразена во натпреварувањето и нема примено ниту еден гол, постигнувајќи пет.

Португалија како првопласирана од групата ќе игра против Словенија, третопласираната од групата Ц. Чешка го заврши своето учество на турнирот.

Кристијано Роналдо за прв пат во кариерата не успеа да постигне гол во групната фаза на еден голем турнир.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

ВМРО-ДПМНЕ: 24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари

24 милиони за километар железница е најверојатно новиот рекорд во светот, а го држи најкорумпираната влада на планетата кока некогаш...

Свет1 час

Земјите од ЕУ кои се граничат со Русија и Белорусија бараат повеќе пари за заштита на границите

Земјите-членки на ЕУ, Полска, Естонија, Литванија и Летонија го повикуваат блокот да обезбеди поголема поддршка за воена и цивилна заштита...

Македонија1 час

Изгаснати девет пожари на отворено

Во текот на вчерашниот ден имало девет пожари на отворено и неколку помали интервенции и сите се изгасени. Тие биле...

Македонија2 часа

Поплавени куќи, подруми, улици – граѓаните од Тетово Скопје и Куманово пријавуваат штети од невремето

Невреме со пороен дожд,ветер и град вчера ги погоди Тетово, Скопје и Куманово. На Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Скопје12 часа

Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје

Скопје вечерва го зафати силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. Во моментов силен дожд,...

Македонија14 часа

Пријави за штети од невреме во Тетовско, има опасност од поплавување на семејни домови

Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени приајви...

Македонија17 часа

Мицкоски: Изјавите на Радев се дел од средниот век, поминаа времињата кога политичарите виткаа кичма

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е...

Македонија19 часа

Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Железница-Инфраструктура и на Јавното...

Македонија22 часа

Eкипа на Брза помош заглавенa во лифт во скопска Кисела Вода

Екипа на скопската Брза помош е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за...

Македонија22 часа

Кривична за Самка Ибраимовски поради закани кон уставен судија преку „Фејсбук“

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник доби кривична пријава поради закани кон уставен судија. Министерството за внатрешни работи...

Свет23 часа

Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО. Северноатлантскиот совет одлучи во средата на...

Македонија23 часа

Радев: Паднаа маските, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарскo“

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е...

Македонија24 часа

Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Вчера во Центарот за управување со кризи, директорот Стојанче Ангелов, одржа Координативниот состанок на тема “Загрозување по животот и здравјето...

Македонија1 ден

Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка...

Македонија1 ден

ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.281 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во...

Свет1 ден

(Видео) Џулијан Асанж е на слобода, стави крај на долгогодишната правна битка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американскиот суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа...

Свет1 ден

(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо,...

Свет1 ден

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една...

Македонија2 дена

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион2 дена

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...