Свет
(Видео) Бајден прогласи вонредна состојба: околу 6.800 американски војници распоредени во Гуам, пред налетот на тајфунот

Војската на САД испрати бродови, а претседателот Џо Бајден прогласи вонредна состојба, додека секој што не живее во цврст дом е повикан да побара засолниште пред тајфунот, кој се прогнозира да пристигне како бура од четврта категорија со налети на околу 225 километри на час, но и дека евентуално би можела да се засили до категоријата пет, која е најсилна, пренесува АП.
Последен пат бура од петта категорија која директно го погоди Гуам беше во 1962 година.
#typhoonmawar #Guam
taken after 2 pm Guam time pic.twitter.com/oIqvPZFG77— Bee Mepaz (@simplybee0917) May 24, 2023
Пред бурата, гувернерот на Гуам, Лу Леон Гереро им нареди на жителите на крајбрежните области подложни на поплави со население од повеќе од 150.000 лица да се евакуираат на повисоките места.
Гуам е стратешки важен центар за американските сили во Пацификот, а Министерството за одбрана контролира околу една третина од островот.
Командата на американската армија одобри евакуација на персоналот во засолништата за областите што се очекува да бидат погодени, а сите бродови беа преместени од брегот како стандардна мерка на претпазливост.
Според Пентагон, околу 6.800 американски војници се распоредени во Гуам.
Во соопштението на метеоролошката служба се наведува дека невремето денеска би можело да го погоди јужниот дел на Гуам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.