Свет
Лута што и го одзеле мобилниот телефон, ученичка го подметнала пожарот во училишниот дом во Гвајана
Смртоносниот пожар во училишен дом во Гвајана се чини дека го подметнала ученичка која била лута што и бил одземен мобилниот телефон, велат официјалните лица.
Деветнаесет лица – главно ученички, загинаа во пожар во јужноамериканската земја во раните утрински часови во понеделникот.
Домот, наводно, бил заклучен и неговите прозорци биле затворени, при што жртвите биле заробени.
Осомничената тинејџерка моментално е во болница со изгореници и наводно признала дека го подметнала пожарот, според АФП.
Пожарот избувнал во бањата и на крајот ја зафатил целата зграда која делумно била направена од дрво и во која тогаш биле сместени 57 ученици.
Покрај загинатите, од кои повеќето ученички, повредени се уште неколку лица.
Локалните медиуми објавија дека пожарот бил толку силен што било потребно ДНК тест за да се идентификуваат некои од жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Најмалку 14 загинати во Јабланица, објавена првата официјална информација за жртвите од поплавите во БиХ
Дарко Јукан, раководител на Секторот за односи со јавноста, потврди дека во Јабланица загинале најмалку 14 лица.
Тој објави дека се пронајдени 14 тела и дека има многу жртви, а најкритична е состојбата во областа Долна Јабланица, на патот од Мостар кон Сараево, по обилните врнежи во текот на ноќта, што предизвика одрони и свлечишта на југот на Босна и Херцеговина.
Јабланица сè уште е целосно отсечена од остатокот на БиХ. Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, претходно изјави дека има неофицијални информации за најмалку 20 жртви во Јабланица.
Тој изјави дека се ангажирани припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина, полицијата и меѓународните сили, кои се на обука и дека има проблеми со прекин на комуникациите.
„Ќе побараме помош од меѓународната заедница и од другите земји“, додаде тој за „Ал џезира“.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина ќе бидат ангажирани со полн капацитет да му помогнат на населението во поплавените подрачја, изјави министерот Хелез за „Аваз“.
„Трудницата, чие дете ѝ почина во утробата, е евакуирана од подрачјата погодени од поплавите на југот на Босна и Херцеговина и е оперирана во Мостар“, изјави Ламија Дурановиќ, директор на кантоналната болница „Д-р Сафет Муиќ“, за Радио Слободна Европа.
Свет
Руската амбасада предупредува: Америка го отвора патот за нуклеарен конфликт
Со охрабрување на Украина да ја таргетира Русија со американско оружје, САД го отвораат патот за нуклеарен конфликт, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
„Принуден сум уште еднаш да ве потсетам за можната одлука на Соединетите Американски Држави да ги поттикнат Украинците да користат американски системи со долг дострел за гаѓање длабоко во руска територија. Ова е сериозен чекор не само кон ескалација туку и кон патот што администрацијата го трасира за нуклеарен конфликт“, изјави Антонов за „Прв канал“.
Тој посочи дека мора да се направи сè за да се избегне нуклеарен конфликт бидејќи во таков конфликт нема да има победници.
„За ваквата одлука одговорни се центрите за одлучување, кои исто така се наоѓаат тука“, заклучи дипломатот.
Медиумите потсетуваат дека рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа, меѓу другото, ако непријателот користи конвенционално оружје – ако тоа претставува закана за виталните интереси на државата.
Регион
Исчезна пат поради порои во Босна и Херцеговина, пруга виси во воздух
Во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица во Босна и Херцеговина, патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.
Малку претходно Планинарската служба за спасување (ГСС) Јабланица ги повика жителите да се обратат за помош и пожарникарите со заеднички сили се обидат да ги спасат загрозените од поплавите предизвикани од обилните врнежи во текот на ноќта. Потврдено е дека Јабланица е целосно блокирана.
„Полицијата нè извести дека е блокирана и пругата. Во моментот не можете да влезете или да излезете од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилните немаат сигнал“, велат од ГСС.
Поради големите поплави и одрони, загрозено е голем дел од населението, а според достапните информации, има голем број повредени и исчезнати лица.