Спорт
„Винисиус е персона нон грата во Памплона, Мајорка, Валенсија…“

Една од главните теми во шпанските медиуми е односот помеѓу ѕвездата на Реал, Винисиус Жуниор и публиката ширум Шпанија, во која доминира зборот расизам. Интересна презентација на таа тема имаше поранешниот фудбалер на Барселона и Валенсија, а сега колумнист на „Ас“ Џерар Лопес.
„Навредите кои ги доби во Валенсија не треба да се мешаат со провокативниот и дрзок однос кој фудбалерот го покажува на секој натпревар. Со таквиот однос по секој натпревар се зголемува листата на непријатели, без разлика дали се тоа ривали, судии или навивачи. Тој е персона нон грата во Памплона, Мајорка и сега во Валенсија“, пишува Џеар Лопес во колумната.
Во текстот, поранешниот репрезентативец, изнесе теза, која добива се повеќе поддржувачи, дури и кај навивачите на Реал Мадрид.
„Фудбалерот мора да размисли за своето однесување бидејќи ова вака ќе оди и во иднина, а тој на крајот ќе си замине, нешто што ниту Реал не го исклучува. Во ова сценарио, поради неговата пазарна вредност и придонесот во играта, гледам трејд за Мбапе како единствено решение. Такво решение би било најдобро за сите. На Флорентино Перез би му се исполнила големата желба, додека од друга страна ПСЖ би добил ѕвезда која е во рангот на Мбапе, која не би правела проблеми во клубот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баер со двајца помалку на теренот го победи Ајнтрахт

Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига.
Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме.
Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал во финишот на првиот дел.
Тие 2:0 ги преполови Узун во 52. минута, а потоа во 58. Роберт Андрих доби црвен картон, а Леверкузен се бранеше френетично до крајот.
Во 92.минута во екот на нападите на гостите од Фракфурт, Баер остана со уште еден играч помалку на теренот. Црвен картон доби и Езекиел Фернандез.
До крајот Баер постигна уште еден гол преку играчот на натпреварот
Грималдо, кој во осмата минута од судиското надополнување постигна преубав гол.
Баер ја забележа првата победа во сезоната и сега има четири бода, додека Ајнтарт го претрпе првиот пораз во сезоната и остана на шест.
Спорт
Ридигер ќе паузира до три месеци

Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер.
Како што објави Реал Мадрид во официјалното соопштение, Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога.
Прегледите покажале дека повредата е сериозна. Првите прогнози се дека, во најдобар случај, паузата ќе трае 10, а можеби и повеќе од 12 недели.
Спорт
Турција ја растури Грција за финале на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68 (26:16, 25:13, 23:20, 22:17).
Турција по пауза од 24 години повторно ќе игра финале на ЕП. Во 2001 година на домашен терен Турците го загубија финалето од Сојузна Република Југославија. Грците како и пред 16 години го загубија финалето, тогаш во Полска ја освоија бронзата.
Турската одбрана ја уништи Грција, го ограничи најголемиот грчки адут Јанис Адетокумбо на само 12 поени. А турскиот напад беше вистинска поезија. Одбраната на Грција ја уништи Ерџан Османи, постигна 14 поени во првата четвртина, имаше 18 на полувремето, а мечот го завшри со 28 поени, погоди пест тројки од осум обиди.
Натпреварот од почетокот беше еднонасочна улица. Турците отворија со 7:0, а потоа константно ја зголемуваа предноста, која во финишот на првиот дел изнесуваше и 19 поени.
Во вториот дел, Турците рутински ја завршија работата.
Покрај Османи кај Турција се истакнаа Џеди Осман со 17 поени и по три скока и асистенции, Алперен Шенгун со дабл-дабл учинок, 15 поени, 12 скока и шест асистенции, како и Шејн Ларкин со 14 поени и пет асистенции.
За Грција, Костас Слукас имаше 15 поени со три скока и четири асистенции, а Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл со 12 поени и 12 скока, 11 поени уфрли Панајотис Калаицакис.
За златниот медал в недела, Турција ќе игра против Германија, додека во „малото финале“ за бронзата ќе играат Грција и Финска.