Свет
Тројца убиени во редок напад со нож и огнено оружје во Јапонија
Три лица загинаа, меѓу кои двајца полицајци, во напад со нож и со огнено оружје во централна Јапонија денеска, пренесува јапoнската јавна радиодифузна компанија НХК, повикувајќи се на полицијата.
„Полицијата добила повик во доцните попладневни часови со пријава дека некој маж избодел жена“, изјави претставник на полицијата во градот Накано.
Кога полицајците се упатиле на местото на настанот, мажот пукал од нешто налик на ловечка пушка, удирајќи четири лица, пред да побегне од местото на нападот и да се забарикадира во една зграда.
Нападнатата жена била пренесена во болница каде потоа била констатирана смрт. НХК подоцна објави дека двајца полицајци исто така починале од здобиените повреди и дека повредено е уште едно лице.
Осомничениот носел маскирни капа, блуза и панталпни, како и очила за сонце и маска.
Градските власти во Накано со соопштение објавено на социјалните мрежи во четвртокот ги повикале граѓаните да останат дома, а портпаролот на полицијата изјави дека облежале „зона за евакуација“ со радиус од 300 метри околу местото на нападот.

Портпаролот на полицијата додаде дека ги истражуваат пијавите според кои во близина на местото на настанот се слушнал звук налик на истрел неколку часа по нападот.
Вооруженото насилство е исклучително ретко во Јапонија, каде што поради екстремно строгите закони за контрола на оружјето има една од најниските стапки на вооружени злосторства во светот.
Во 2018 година, Јапонија, земја со 125 милиони жители, пријавила само девет смртни случаи од огнено оружје – споредено со 39.740 истата година во САД, според податоците на Сиднејската школа за јавно здравје при Универзитетот во Сиднеј.
Островската држава сепак беше потресена во јули минатата година од пукање што одекна низ целиот свет и во кое Шинзо Абе, премиерот со најдолг стаж во земјата, беше убиен за време на предизборниот говор во Нара.
Неговото убиство ги шокираше Јапонија и меѓународната заедница зашто поседувањето огнено оружје во Јапонија е исклучително тешко, па осомничениот за пукањето во Абе користел рачно изработено оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

