Спорт
Мејсон Маунт сака трансфер во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт, сака да се приклучи на Манчестер Јунајтед, тврди „Атлетик“. 24-годишниот играч за врска е подготвен да се пресели на „Олд Трафорд“ доколку лондончани ја прифатат понудата на „црвените ѓаволи“.
Ливерпул и Арсенал се останатите клубови кои го посакуваат Маунт, но веќе се свесни за неговата одлука.
Договорот на Англичанецот со Челси истекува следното лето. Раководството на лондончани е подготвено да се раздели со играчот по завршувањето на сезоната доколку тој не потпише нов договор.
Маунт оваа сезона настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и шест асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Астон Вила го победи Фулам, остана во трката за ЛШ

Фудбалерите на Астон Вила го победија тимот на Фулам со од 1:0 во 35-то коло од Премиер лигата и ја продолжи борбата за пласман меѓу првите пет на табелата. Вила ја продолжи серија без пораз на домашен терен во лигата на импресивни 17 натпревари.
Решавачкиот момент се случи во 12-та минута, кога Јури Тилеманс скокна највисоко по корнерот на Џон Мекгин и со глава ја затресе мрежата на Фулам. Голманот на гостите, Бернд Лено, успеа да ја закачи топката, но не можеше да ја сопре. Тилеманс беше блиску до постигнување на уште еден гол пред да направи полувремето, додека Алекс Ивоби ја имаше единствената сериозна шанса за Фулам, чиј удар лесно го скроти Емилијано Мартинез.
Во продолжението од натпреварот, двата тима имаа свои можности. Фулам дури и накратко израмни преку Рајан Сесењон, но голот беше поништен поради игра со рака во зачетокот на акцијата.
Со оваа победа, Астон Вила се израмни со Челзи на петтото место по бодови, иако со натпревар повеќе.
Спорт
(Видео) Општа тепачка во Сплит – „Врие“ пред дуелот меѓу Хајдук и Динамо

Околу 9 часот утрово, во сплитската населба Пујанке избувна масовна тепачка пред најголемото хрватско фудбалско дерби помеѓу Хајдук и Динамо, кое се игра на стадионот „Пољуд“.
Поголема група маскирани „Бед Блу Бојс“, навивачи на Динамо, упаднаа во Сплит и се судрија со членови на „Торцида“, а наводно станува збор за договорена тепачка, 200 на 200.
Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, по што настанала целосна турканица, а очевидците останале во шок:
„Во шок сум. Замислете да бев со детето. Поминав таму секунда порано, кога одеднаш се случи стампедо“, изјави денес една жена од Сплит за порталот „Далмација“.
Закупецот на блиската зграда сè гледаше од прозорецот:
„Сè уште се освестувам, се слушнаа завивања, викања, вресоци. Одеднаш, околу стотина луѓе се распрснаа по улицата.“
Полицијата ја информираше јавноста дека уапсила голем број хулигани, а потрагата по другите сè уште е во тек.
Дербито ќе започне во 16 часот.
03.05.2025🇭🇷Torcida (Hajduk) vs BBB (Dinamo Zagreb) in Split, click here for more: https://t.co/kPe05Rjzpg pic.twitter.com/2FVKABoaoH
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 3, 2025
03.05.2025🇭🇷Torcida (Hajduk) vs BBB (Dinamo Zagreb) in Split, click here for more: https://t.co/kPe05Rjzpg pic.twitter.com/v9mqiokqtP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 3, 2025
Спорт
Клубот на најбогатиот Европеец влезе во Лига 1

По 46 години, фудбалскиот клуб Париз се врати во Лига 1, елитниот ранг на францускиот фудбал.
На коло до крајот на сезоната, Парижаните го потврдија второто место, зад Лориен, со нерешен резултат со Мартиго на гости (1:1), и со тоа овие два клуба обезбедија директен премин во Лига 1.
Клубот, кој е мнозински контролиран од семејството Арно, кој е управуван од најбогатиот Европеец во светот (Бернард Арно), сигурно нема да застане тука.
Со буџетот што го има на располагање, амбициите се големи, најголеми.
За потсетување, Париз е клуб кој е основан по одвојувањето од Пари Сен Жермен во 1972 година, последен пат играше во Лига 1 во 1978 година и оттогаш игра во пониските лиги.
Во последните години, тој играше четири пати во плејофот за пласман во Лига 1 и секој пат беше елиминиран. Тоа беше време кога семејството Арно не го водеше клубот.
Семејството Арно владее со ФК Париз од ноември 2024 година.