Спорт
Македонија освои сет, но повторно загуби на ЕП во ракомет на песок

Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз и во четвртиот натпревар на Европското првенство во ракомет на песок кое се одржува во Португалија. Во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на шампионатот, македонските ракометарки загубија од Италија со 1:2 во сетови.
Првиот сет го добија убедливо Италијанките со 12:28, но потоа Македонија возврати во вториот со 15:12. Сепак, Италија на крајот комплетираше триумф откако славеше со 4:6.
Најдобра кај Македонија беше Диневска со девет поени, а Гуличоска заврши со шест поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лајпциг ја одложи шампионската прослава на Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен уште една недела ќе почекаат на прославата на шампионската титула. Во 32.коло, Баварците во Лајпциг одиграа 3:3.
Фудбалерите на Баерн неколку секунди ги делаа од победата со која и математички ќе ја освоеја титулата, но во 95.минута Пуолсен постигна гол за 3.3.
Лајпциг водеше со 2:0 со головите на Шешко во 11-та и Клостерман во 39-та минута.
Сепак, во вотриот дел, играчите на Баерн играа шампионски, успеаја да направат целосен пресврт.
Прво, Ерик Даер постигна гол по корнер во 62-та минута, а во следниот напад, Мајкл Олисе погоди за 2:2.
Пресвртот го донесе Лирој Сане со прекрасен гол во 83-та минута.
Спорт
АБА лига: Формирани се четвртфиналните двојки за плејофот

Кошаркарите на Игокеа убедливо го победија Морнар во Бар со 114:79 во последното 30. коло од регуларната сезона во АБА лигата.
Со оваа победа, Игокеа го обезбеди петтото место на табелата од регионалното натпреварување и ќе игра против Црвена звезда во плејофот, додека Морнар испадна во АБА 2 лигата.
Тимот од Лакташи заврши на петтото место со 19 победи и 11 порази, додека Морнар заврши последен на табелата со само две победи и 28 порази.
Познат е распоредот на првите натпревари од четвртфиналето на плејофот од АБА лигата.
Партизан и Спартак ќе бидат првите што ќе излезат на теренот. Дуелот во Белградската арена е закажан за петок, 9 мај.
Еден ден подоцна, Црвена звезда и Игокеа ќе се соочат на истото место. Натпреварите меѓу Будуќности и Мега, и Дубаи и Цедевита Олимпија, се закажани за 11 мај.
Победник ќе биде екипата што ќе забележи две победи.
Во полуфиналето според проекцијата ќе играат победникот од Партизан – Спартак и победникот од Дубаи – Цедевита Олимпија, односно победникот од Будуќност – Мега и победникот од Црвена звезда – Игокеа.
Спорт
(Видео) Голем бод освои Алавес против Атлетико

Алавес успеа да освои важен бод во борбата за опстанок играјќи без голови (0:0) против третопласираниот Атлетико Мадрид на домашен терен во натпреварот од 34-то коло на шпанската Ла Лига.
Првото полувреме на стадионот „Мендизороза“ беше избалансирано, без возбудувања и без ниту еден шут кон голманите Сивера и Облак.
Највозбудливиот момент се случи во 40-та минута кога Хулијан Алварез доби директен црвен картон за старт врз Факундо Гарсес. Сепак, по интервенцијата на ВАР, судијата ја намали казната на жолт картон, што го спаси Аргентинецот од првото исклучување во кариерата.
Во продолжението, домашните први се заканија – Карлос Висенте центаршутираше од слободен удар, но Џон Гуриди со глава биеше над голот. Првата вистинска шанса на натпреварот беше забележана дури во 71-та минута, кога резервата на Атлетик, Самуел Лино, се обиде со шут од далечина, а Антонио Сивера беше на место. Само неколку минути подоцна, Јан Облак мораше да интервенира на другата страна, спречувајќи го ударот на Кике Гарсија од блиску.
Како што натпреварот се приближуваше кон крајот, темпото се забрза. Сивера покажа одлични рефлекси по обидот на Клемент Ленгле, додека Кике имаше уште една одлична шанса за Алавес, со силен шут кој Облак успеа да го одбрани.
На крајот, поделбата на бодовите е најреалниот исход. Со ова реми, Алавес се искачи три бода над опасната зона, додека Атлетико останува цврсто на третото место на табелата.