Свет
Тајван во рецесија

Економијата на Тајван падна во рецесија, покажа денеска статистиката, одразувајќи ја слабата странска побарувачка во услови на повисоки трошоци за задолжување и зголемени тензии во односите меѓу САД и Кина.
Во првите три месеци од оваа година БДП на Тајван е намален за 2,87 отсто во споредба со истиот период минатата година, објавија статистичарите, што е најлош резултат од 2009 година.
„Иако стапката на економски раст беше негативна, домашната побарувачка беше доста добра“, изјави за новинарите Цаи Хунг-кун, заменик директор на агенцијата за статистика, нагласувајќи дека стапката на невработеност е на најниско ниво во повеќе од 20 години.
Економијата на Тајван сега е во рецесија, бидејќи активноста се намалува два последователни квартали, а гувернерот на централната банка предупреди оваа недела дека може да закрепне до четвртиот квартал.
Годинава БДП треба да порасне за 2,04 отсто, пресмета статистичката агенција. Тие прогнозираат и дека извозот годинава ќе се намали за 7,27 отсто, откако странската побарувачка се намали во април осми месец по ред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пожар во магацин по експлозија во Англија: „Огромна огнена топка“

Силна експлозија, по што избувна синоќа голем пожар во магацин во индустриската зона Граундвел во Свиндон, Англија. Голем број служби за итни случаи беа на местото на настанот, а полицијата ја евакуираше непосредната околина, објави Скај њуз.
Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила беа повикани на местото на настанот околу 19:30 часот. Противпожарната и спасувачка служба на Дорсет и Вилтшир потврди дека најмалку 10 противпожарни возила и специјализирани возила, вклучувајќи платформа за скали и цистерни за вода, се на местото на настанот, борејќи се со голем пожар во магацинот.
❗️🇬🇧 – Major Explosion at Industrial Site in Swindon, UK
On September 24, 2025, a massive explosion rocked the Groundwell Industrial Estate in Swindon, UK, at approximately 7:30 PM.
The incident occurred at a warehouse operated by ESP Smile, a printing company. Emergency… pic.twitter.com/z5d6wmBcNg
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) September 24, 2025
Полицијата од Вилтшир ги повика луѓето што живеат во близина да останат во своите домови, да ги затворат сите прозорци и да ја избегнуваат областа на индустриската зона за сопствена безбедност. Тие додадоа дека нема потреба од евакуација на другите жители во близина.
Неколку локални жители на социјалните мрежи изјавија дека ја почувствувале експлозијата. Клое Хакет напиша дека имало „масивна експлозија“ и дека нејзината куќа „буквално се тресела“.
„Огромна огнена топка. Навистина се надевам дека никој не е повреден и се надевам дека службите за итни случаи ќе останат безбедни“, рече таа.
⚡️A powerful explosion rocked the industrial area of Swindon, UK
Residents of nearby neighborhoods were evacuated. Witnesses reported hearing sounds resembling detonations. pic.twitter.com/M3bW1XiCHp
— NEXTA (@nexta_tv) September 25, 2025
Анџела Вилис додаде: „Се прашував што е тој огромен шум. Ми ја затресе вратата. Мислев дека некој се обидува да провали. Се надевам дека сите вклучени се добро и се надевам дека никој не е повреден“.
Еден корисник напиша дека „буквално почувствувал како целата куќа се тресе“ и додаде: „Свиндон буквално гори“.
фото: принтскрин
Свет
Нетанјаху лета до Њујорк по подолга рута поради страв од апсење

Патеката на летот на авионот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до Њујорк, каде што треба да присуствува на Генералното собрание на ОН, го избегнува воздушниот простор на повеќето земји освен Италија и Грција, и покрај значително подолгото патување.
„Тајмс оф Израел“ објавува дека маршрутата, видлива на веб-страницата „Флајт тракер“, може да биде обид да се избегнат проблеми поврзани со налогот на Меѓународниот кривичен суд за негово апсење за наводни израелски воени злосторства во војната против Хамас во Газа.
Многу земји изјавија дека, по налогот на Меѓународниот кривичен суд за наводни воени злосторства, што Израел го негира, би го уапсиле Нетанјаху доколку тој е присутен на нивна територија.
Франција, која вообичаено се наоѓа по рутата на овој лет, минатата година изјави дека нема да го уапси израелскиот премиер, и покрај критиките од Европската Унија, објави израелскиот портал.
Според извештајот, летот, со израелскиот државен авион, веројатно ќе го избегне и воздушниот простор на Шпанија, која вети дека ќе помогне во истрагата на Меѓународниот кривичен суд.
Кога израелскиот премиер отпатува во САД во февруари, тоа патување беше исто така продолжено, делумно поради загриженоста во врска со налогот за апсење за Нетанјаху.
Нетанјаху наводно го откажал патувањето во Азербејџан во мај за да избегне летање над Турција, чиј претседател е Реџеп Таип Ердоган, жесток критичар на Израел кој го поздрави налогот за апсење, објави израелскиот портал.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Иран тврди дека поседува информации за израелскaта нуклеарна програма

Иранското министерство за разузнавање објави прилог на државната телевизија во кој, како што тврди, се прикажуваат документи и видеа прибавени од израелски разузнавачи, поврзани со нуклеарниот програм на Израел.
Според иранските медиуми, материјалот содржел снимки од внатрешноста на израелски нуклеарни и други чувствителни објекти, меѓу кои и центарот во Димона. Биле презентирани и детали за научници и службеници кои, наводно, работат на израелската нуклеарна програма.
„Идентификувавме 189 израелски нуклеарни научници и високи функционери, заедно со нивните мрежи,“ изјави министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, додавајќи дека дел од нив соработувале со Иран за пари.
📹 تصاویر اختصاصی وزارت اطلاعات ایران از درون پایگاه اتمی دیمونا در اسرائیل pic.twitter.com/IaHJabXPCU
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) September 24, 2025
Како пример, Хатиб наведе вработен кој работел на седум нуклеарни локации преку фирмата ROTEM, како и научник кој наводно бил вклучен во проекти за проширување на нуклеарното оружје со САД.
Во прилогот беше спомнат и институтот „Хаим Вајцман“, кој иранската страна го претстави како водечки центар за развој на нуклеарното оружје, а кој бил цел на ирански балистички ракети за време на 12-дневната војна во јуни.
Дополнително, биле прикажани документи што сугерираат можни врски и нуклеарна соработка меѓу Израел и Франција во рамки на проект наречен SARAF.
Интерес предизвика и дел од материјалот со приватни и семејни фотографии на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси. Иранските власти тврдат дека тие биле прибавени од израелски извори и дека докажуваат дека израелската разузнавачка служба шпионирала и меѓународни функционери.
📹 وزیر اطلاعات: ایران در برابر تجاوز صهیونیستی-آمریکایی ایستاد
گنجینه اطلاعات تسلیحاتی اسرائیل را مستند کردیم
محققان و پروژههای ضدبشری شناسایی شدند
سربازان گمنام امام زمان اطلاعات را پردازش کردند
۱۸۹ متخصص هستهای و نظامی اسرائیل شناسایی شدند https://t.co/gl6dKx3Zeb pic.twitter.com/HQwLYtPSkf
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) September 24, 2025