Црна хроника
Арачиновец осомничен за насилство кон градоначалникот; Обвинителството поведе постапка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Насилство согласно член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува.
Со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, забрана за посетување на службените простории на Општина Арачиново, како и забрана за приближување или воспоставување контакти со градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал 71-годишната мајка: уапсен маж од Скопско
На 15.11.2025 во 16:45 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40).
Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 71-годишна мајка.
Според МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Драчево
Вчера во 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А.(55) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Превезувал дрва со возило без регистарски таблички, па се обидел да ги удри и полициските службеници
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Имено на 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација.
Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.

