Црна хроника
Физички напади со метални прачки и бејзбол палки во Прилеп и Куманово

– илустрација
Прилепчанец бил нападнат од две непознати лица откако претходно еден од напаѓачите удрил со мопед во неговото возило.
Прилепчанец бил нападнат од две непознати лица откако претходно еден од напаѓачите удрил со мопед во неговото возило.
Како што соопшти полицијата, во саботата во полиција во Прилеп В.Х. од истиот град пријавил дека околу 18.30 часот додека со Ф.И. (28) се возеле со автомобил „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, низ населба Варош, во задниот дел бил удрен со мотор „Веспа“ кој го управувало непознато лице. После тоа В.Х. застанал на друга улица за да види колкава е штетата на возилото. Во тој момент пристигнало истото лице со уште едно непознато лице и со метален предмет почнало да удира по задното ветробранско стакло, а ги скршило стаклата од задната десна врата. Сторителот во неколку наврати го удрило Ф.И. во десниот лакт, десниот рачен зглоб, десната надколеница. Но, и покрај тоа В.Х. успеал да го стартува возилото и се упатил кон полицијата во Прилеп. Доктор од Итна медицинска помош кај В.Х. и Ф.И. констатирал телесни повреди. ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот..Во друг настан во Куманово, ноќта кон недела 29 годишен Кумановец А.Ш. и неговиот пријател Р.З. биле нападнати од од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и, Б.Н. со бејзбол палки додека седеле во ресторан на плоштад Маршал Тито.Притоа А.Ш. бил удиран со бејзбол палки по глава и тело каде му нанеле видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници. По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот. На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило застава 101 со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.