Спорт
Борусија Дортмунд договори засилување од 40 милиони евра

Германските и холандските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е блиску до реализација на трансферот на играчот на Ајакс, Едсон Алвазрез. Доколку се оди според планот, мексиканскиот репрезентативец следната недела би требало да потпише договор со жолто-црните.
Наводно двата клуба се договориле трансферот да изнесува 40 милиони евра.
Едсон Алварез дојде во Ајакс во 2019 година од Клуб Америка од Мексико Сити. Оттогаш одигра близу 150 натпревари за славниот холандски клуб.
Алварез може успешно да игра како дефанзивен играч за врска и централен дефанзивец. За репрезентацијата на Мексико одигра 61 натпревар и постигна три гола.
Борусија денеска го игра решавачкиот натпревар во борбата за титулата. Доколку победи го победи Мајнц, Борусија ќе биде новиот шампион во Бундеслигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по завршувањето на сезоната. Димитирјевиќ, минатото лето како големо засилување пристигна во Олимпија.
Димитријевиќ, минатата сезона, блескаше во дресот на УНИКС Казан, беше прогласен за МВП на руската лига.
За неговиот потпис се бореа неколку клубови од Евролигата, тој реши да потпише за тимот на тренерот Еторе Месина.
Нема баш најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.
Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ би можел да го напушти Милано, бидејќи клубот сака да го ангажира кошаркарот на Тренто, Квин Елис.
Спорт
Црвена звезда потврди дека ќе одигра хуманитарен натпревар со Вардар

Генералниуот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Звездан Терзиќ, го потврди она што вчера го најави Дарко Панчев. Црвена звезда и Вардар на 16.април во Скопје ќе одиграа хуманитарен натпревар. Целиот приход од натпреварот ќе им биде дониран на семејствата на настраданите во трагедијата во нелегалната дискотека во Кошани.
„Сите во Црвената звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш контактиравме со нашите легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош, стапивме во контакт со раководството на Вардар. Се согласивме да играме добротворен натпревар во Скопје на 16.април на овој натпревар. Приходот ќе биде проследен кон семејствата на настраданите во оваа голема трагедија во Кочани“, рече Терзиќ.
„Тоа е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време“, додаде тој.
„Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, заклучи Терзиќ.
Спорт
Стоичков и легендите на бугарскиот фудбал ќе им помагаат на повредените во трагијата во Кочани

Фондацијата „Национали 94“ од Бугарија составена од легендарните фудбалери Христо Сотичков, Красимир Балаков и Борислав Михаилов, кои беа дела од репрезентацијата на Мундијалот во 1994 година во САД, изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.
Пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“ ги однесе животите на 59 лица, а преку 150 се повредени.
„Трагедијата не бира ниту датум, ниту време. По неа останаа само солзи и неизлечива болка! Ние од Фондацијата „Национали 94“ сакаме да изразиме најискрено сочувство до семејствата на загинатите во Кочани. Фудбалот сите нас нѐ спријатели со луѓето од Македонија. Сега е најважно да им дадеме да им дадеме поддршка. Се молиме за повредените. Бог да биде со нив!“, се вели во соопштението.
Фондацијата „Национали 94“, најави е и финансиска помош и донација за погодените семејства во трагедијата во Кочани.