Македонија
Маричиќ: Охридскиот Рамковен договор е успешен концепт, круна на дипломатските напори
Вицепремиерот задолжен на европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија.
– Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. Концептот на нашиот Устав, согласно Рамковниот договор, помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, создавајќи услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не е нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, додавањето на уште неколку заедници во нашиот Устав.
Тој истакна дека Рамковниот договор е единствен успешен дипломатски потфат во рамките на бивша Југославија на ЕУ и на САД, кој е круна на дипломатските напори и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.
– Многу е важно да сфативме дека Охридскиот рамковен договор и начинот на негово функционирање со сите предности и мани, особено со кохезијата која ја овозможи во општеството, е модел на којшто сериозно можеме да се повикаме и да го споделуваме како успешен модел на менаџирање на етничките и културните идентитети, посочи Маричиќ.
Во рамки на преговорите со ЕУ вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ укажа дека ни претстои процес на подготовка на Патоказ за владеење на правото, во чии рамки е и Акцискиот план за заштита на малцинствата, во кој ќе ги одредиме мерките за заштита зајакнување на позицијата на секаков вид на малцинства не само етнички, треба да ја направи нашата политичка агенда на тој план до членство во ЕУ.
Маричиќ на крајот од своето излагање кажа дека многу е битно Охридскиот рамковен договор да не остане во таа форма на договор, туку да биде еден жив политички концепт.
– Мислам дека тоа е клучното во она што го правиме и во она што го работиме. Започнавме пред неколку години со концептот „Едно општество за сите“, коешто треба да го замени називот Охридски рамковен договор и да го преведе во тој политички концепт, бидејќи Охридскиот рамковен договор е преведен во институционален концепт преку Уставот, институциите па и начинот на којшто тие функционираат, начинот на којшто функционира собранието, локалните совети итн., рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека целта на овој политички акт е секој да се чувствува еднакво и Северна Македонија да биде дом за сите таква што со години и со векови е и дека Владата има големо разбирање за овој политички концепт.
На панел дискусијата учествуваше и пратеничката Шкријељ која се осврна на значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците, како работно тело на Собранието на Република Северна Македонија, кој има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на заедниците.
– Со ова Комитетот има голема улога и придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот и почитување на различностите на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија, рече пратеничката Шкријељ.
Заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко пак додаде дека Охридскиот рамковен договор е еден од клучните историски моменти на нашата држава и пример за тоа како можат да се решат кризите и да се чекори напред во мир и стабилност.
На панел дискусијата организирана од Здружението за млади, демократија и човекови права УФУК-Скопје учествуваа и Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

