Спорт
Интер за три минути ја реши Аталанта
Фудбалерите на Интер ја победија Аталанта со 3:2 и на коло до крајот на сезоната обезбедија место во Лигата на шампионите.
Интер целата работа на овој натпревар ја заврши во првите три минути.
Само што започна натпреварот Ромелу Лукаку го постигна првиот гол, а во третата минута Николо Барела зголеми на 2:0.
Во 36. минута Марио Пашалиќ успеа да намали на 2:1 и со тој резултат да заврши првото полувреме.
По одличната акција на Лукаку и Брозовиќ Лаутаро Мартинез постигна гол за 3:1 во 77. минута. Ова беше 21 гол во Серија А, оваа сезона за аргентинскиот напаѓач.
За конечни 3:2 се погрижи Луис Муриел во 91. минута од натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Даер ќе го напушти Баерн Минхен

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека Ерик Даер, како слободен играч, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
„Разговаравме со Ерик за новиот договор. Тој ни кажа дека не сака да го продолжи и дека ќе нè напушти. Се надевам дека ќе го круниса својот престој во клубот со својата прва титула“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Според извештаите, Дајер постигнал договор со Монако, каде што ќе добие подолг договор од оној што му го понуди Баерн и можност да игра повеќе отколку што играше во германскиот клуб.
Англискиот фудбалер минатиот јануари се пресели од Тотенхем во Баерн, за кој одигра 45 натпревари. Тој не добиваше значителна минутажа под водство на тренерот Венсан Компани, сè до последните неколку недели, кога покажа дека се уште може да игра на високо ниво.
Баерн игра против Лајпциг во сабота и доколку победат, ќе ја освојат титулата во Бундеслигата.
Не е јасно дали Дајер ќе остане во Баерн и за Светското клупско првенство, кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД.
Фројнд рече дека клубот наскоро ќе разговара за тоа интерно со Даер.
Спорт
„Ако Јамал го направи тоа, веднаш дајте му ја Златната топка!“

Европа полуде по Ламин Јамал, не само со поради неговите вештини на највисоко ниво, туку и со фактот дека сè уште има само 17 години.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, тој постигна спектакуларен гол, погоди две пречки и изведе уште неколку феноменални потези.
Јасно е зошто е „тема број еден“, а за тоа зборуваше и поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд.
„Во моментов не постои фудбалер кој предизвикува толку возбуда на секој натпревар со својата игра“, рече Фердинанд.
Потоа поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед беше директно прашан за тоа и тој го повтори тоа уште еднаш.
„Златна топка. Златна топка. Златна топка“, веднаш одговори Фердинанд и додаде:
„Ако Јамал направи разлика во реваншот против Интер и во финалето на Лигата на шампионите, тогаш немам сомнение дека мора да ја освои Златната топка. Тоа би ги замолчило и луѓето кои се повикуваат само на статистиката, не е само статистиката таа што ја прави оваа игра. Не е сè во бројките. Важное како некој игра на теренот и што прави во играта. Тоа сега е Јамал.“
Барселона гостува кај Ваљадолид во сабота во Ла Лига, каде што победата е императив во борбата за титулата.
Потоа во вторник на 6 мај, Каталонците ќе го одиграат реваншот против Интер на стадионот „Џузепе Меаца“.
Спорт
Словенецот Јака Малус е нов играч на Вардар

Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде играч на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Лига Европа.
Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите младински селекции и настапувани на младинските и светски првенства во младите возрасни категории.
Потекнува од познатата ракометна школа во Словенија од каде се излезени многу ракометари што играат на таа позиција. Почнувајќи од Целје, преку Мешков Брест, па шпански Синфин и до германски Гепеинген и словенечки Слован, тој ја гради успешната играчка кариера во која има освоено 18 трофеи. Има 6 титули во Словенија, шестпати бил освојувач на Купот на Словенија, и четирипати го освојувал Супер купот на Словенија. Додека беше дел од Мешков, двапати беше првак на Белорусија.
Последен клуб му е амбициозниот Слован од Љубљана кој веќе го освои Купот, а им аамбиции д абид еи првак на Словенија. На последниот настап во Купот на Словенија, Јак Малус беше прогласен за МВП на турнирот.
Во сезоната 2020/2021 играше во четвртфиналето на ЕХФ лигата нашампионите. Со екипата на Гепинген во сезоната 2022/23 играше на Ф4 турнирот во Лига Европа и го освои бронзениот медал.
„Голема честа ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни клубови во регионот – РК Вардар. Свесен сум за традицијата, амбициите и очекувањата што ги носи овој клуб. Ќе ми биде посебна гордост да го носам црвено-црниот дрес и да го претставувам клубот со толку богата историја и верна армија навивачи. Доаѓам подготвен да го дадам својот максимум, како на теренот така и надвор од него, и заедно со тимот да придонесам за нови успеси. Благодарен сум за укажаната доверба и се радувам на сè што нè очекува во наредниот период, изјави Јака Малус при потпишувањето на договорот.