Забава
Судот одлучи: сцената од филмот „Ромео и Јулија“ не е детска порнографија

Судот во Калифорнија ја отфрли тужбата на главните актери во филмската адаптација „Ромео и Јулија“ од 1968 година против „Парамаунт пикчрс“ поради сцена во која нивните ликови се будат голи во кревет заедно, пренесува „Њујорк тајмс“.
Актерите Оливија Хуси и Леонард Вајтинг во тужба поднесена минатата година тврдеа дека режисерот на филмот, Франко Зефирели, ги уверил дека ќе носат долна облека во месо боја за сцената во спалната соба. Во тоа време и двајцата биле малолетни. Но, утрото на снимањето, тврдат во тужбата, тој сепак им рекол дека „мора да бидат голи или филмот ќе пропадне“.
Тие исто така тврдеа дека „Парамаунт“, дистрибутерот на филмот, знаел или требало да знае дека снимката од нивните голи тела е незаконски добиена. Во судските документи адвокатите на актерите навеле дека сцената се квалификува како детска порнографија. Хаси имала 16 години кога се снимал филмот, а Вајтинг 17.
Актерите, кои сега се во своите 70-ти, планираат да се обратат до повисок суд.
Адвокатот на „Парамаунт“ го оспори тврдењето на актерите. Тој тврдеше дека сцената не била ласцивна и инсистира на тоа дека поминало премногу време од настанот.
„Филмот не е детска порнографија. Тоа го докажува фактот дека е исклучително познат, дека е во дистрибуција веќе 55 години и дека го гледале или поседувале милиони Американци, без никакво претходно тврдење од органите на прогонот, обвинителите или нивните родители дека тоа е детска порнографија,“ заклучи адвокатот на „Парамаунт“, Ричард Кендал.
Судијката во округот Лос Анџелес, Алисон Мекензи, рече дека ќе ја отфрли тужбата на актерите со образложение дека нивниот приказ во филмот не може да се смета за детска порнографија и дека тие ја поднеле тужбата предоцна.
Инаку, филмот за кој станува збор е награден со два „Оскара“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Безос ја продаде својата вила во Вашингтон: го собори рекордот за најскап имот

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, соборувајќи државен рекорд.
Продажбата на палатата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот го држела медитеранска вила во која престојувале повеќе од 12 шведски амбасадори, со 17,3 милиони долари.
Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Лопез блескаше во розевиот комбинезон во боксот на Ферари

Џенифер Лопез со нови фотографии на Инстаграм предизвика лавина реакции. Пејачката присуствуваше на трката за ГН на Формула 1 во Саудиска Арабија, а обожавателите беа особено импресионирани од нејзината облека.
Лопез за оваа пригода избра тесен розов комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината фигура. „Донесуваме малку сјај во Ф1“, напиша таа покрај фотографиите кои за само неколку часа им се допаднаа на речиси 800.000 луѓе.
„Латина Барби“, „Како да си ја измислила розовата боја“, „Ф1 Барби“, „Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не може да ти парира“, „Изгледаш апсолутно прекрасно“, „Оваа жена е спектакуларна“, „Веќе победи во трката“, „Ние ја сакаме Џеј Ло Барби“, „Опседната сум со овој изглед“, „Ова е совршенство“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.