Македонија
СДСМ: Мицкоски да не бега, туку да каже што одлучи: за ЕУ или за Левицата?
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/mickoski-2-1.jpg)
Според владејачката партија пред нашата земја е историска шанса за продолжување на европскиот пат и одговорност на сите политички субјекти е да се приклучат на тој пат.
Потребно е, велат од СДСМ, да се искористи моментот и поддршката од САД за да се реализира уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.
„Но и овој пат како и многу пати претходно кога се решавале важни прашања од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гледаме несериозност, неодговорност и пречесто менување на ставовите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица. Ова е момент на вистината за Мицкоски, кој со недели бега од одговор на ова прашање a ставовите ги менува секој ден“, истакнуваат во нивното соопштение.
Наместо да ја замајува јавноста, Мицкоски, посочуваат од СДСМ, треба да ги среди своите ставови, да излезе пред јавноста и да каже што одлучи: Дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со Левицата?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/crvena-mladina-gerila-akcija.jpg)
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tiganj-mickoski.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.