Свет
(Видео) Ортодоксните Евреи демонстрираат против христијанските мисионери на Западниот ѕид
Десетици Израелци, главно ортодоксни Евреи, протестираа во неделата наутро против група христијани кои повикуваат „секаде да се кренат заедници на богослужбени ученици“ за кои тврдат дека се мисионерска организација.
Демонстрантите, меѓу другото, извикуваа: „Мисионери, одете си дома“.
Настанот, кој се одржа во центарот „Дејвидсон“ во близина на Котел, беше со наслов „Пентекост 2023 година – Глобален ден на молитва за Ерусалим и народите“.
На официјалната веб-страница на „Пентекост“ (Духовден) се вели дека тие се „коалиција на верници во Израел и нациите, деноминациите, мисии и молитвени организации“, која ги повикува верниците од целиот свет да одвојат време за да се молат и за Ерусалим и за еврејскиот народ и за евангелието“.
Организаторите објаснуваат во поканата дека настанот „ќе го означи почетокот на деценијата на молитва и евангелизам почнувајќи десетгодишно патување на глобална соработка меѓу верниците во Израел и народите, црквите од сите конфесии и мисионерските за да ја слушнат и разберат Библијата на нивниот јазик и да се поврзат со собир на верници во контекст на ученици до 2033 година“.
Ова, како и други текстови објавени на веб-страницата, ги натера високите израелски рабини да ги повикаат своите следбеници да протестираат. На демонстрациите учествуваа и лидерот на јешивата Хар Хамор и еден од водечките рабини во ултраортодоксните ционистички заедници, рабинот Зви Тау, кој е духовен водач на екстремно десничарската партија Ноам во Кнесетот.
כך נראית עליונות יהודית וייהוד ירושלים – עכשיו ליד הכותל – סגן ראש עיריית ירושלים אריה קינג מוביל הפגנה נגד נוצרים שזקוקים לליווי משטרתי כדי להיכנס, כשברקע ההמון קורא להם מיסיונרים לכו הביתה. שבוע שעבר זה היה מצעד הדגלים, עכשיו זו קבוצה של נוצרים ומה יהיה בשבוע הבא? pic.twitter.com/hGYdAepTyL
— עמק שווה (@EmekShavehHeb) May 28, 2023
Демонстрантите цитираа текстови од веб-страницата „Пентекост 2023“ за да докажат дека се мисионери.
„Мисионерскиот тероризам е исто толку опасен како и исламскиот тероризам“, вели Аријех Кинг, заменик-градоначалник на Ерусалим, додавајќи дека сретнал најмалку тројца учесници на протестите, кои се Израелци што преминале во христијанство.
„Мислите дека тие би им дозволиле на Евреи да одржат молитва на влезот во Ватикан? Или во Мека? Ова е провокација“, нагласи тој.
Израелското Министерство за надворешни работи реагира на демонстрациите и во неделата вечерта рече дека „го осудува секое нарушување на слободата на вероисповед и богослужба во Ерусалим и секое насилство врз верските службеници во градот.
„Државата Израел слободата на вероисповед и богослужба во Ерусалим ја смета света за Евреите, христијаните и за муслиманите и централна вредност за структурата на животот во градот“, велат од таму.
Лига против клевета (АДЛ) реагира на инцидентот и истакна дека „непобитната еврејска врска со светиот град никогаш не смее да го оправда исклучувањето на другите од практикување на нивните сопствени верувања и изразување на нивното наследство“.
Заменик-градоначалничката на Ерусалим, Флер Хасан-Нахум, напиша на „Твитер“ дека ги осудува „денешните демонстрации против нашите христијански ционистички пријатели, кои доаѓаат да ја поддржат нашата земја и нашиот вечен главен град Ерусалим“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европските компании за работа се повеќе ангажираат лица од странство
Европските компании за извршување на своите деловни активности многу често делумно или целосно ангажираат надворешни лица или партнери лоцирани во странство, се наведува истражувањето насловено „Глобални вредносни синџири“.
Во него се посочува дека во периодот од 2021 до 2024 година ваквата пракса, позната како „аутсорсинг“, ја користеле 72,8 отсто од европските претпријатија, кои пренесувале некои од своите деловни функции на субјекти во други земји од Унијата, но и надвор од неа и тоа најмногу во Индија (18,6 проценти) и во Велика Британија (17,1 отсто).
Ангажирањето „аутосорсинг“, според истражувањето, се практикувало за извршување на најразлични задачи, од ракување со операции, па до производство на стоки, кои дотогаш традиционално ги вршеле вработените во самите компании.
Ова, според истражувањето, се прави за да се намалат трошоците на компаниите, да се подобри нивната ефикасност, но и да можат да се фокусираат на други задачи и обврски.
Како главна парична за практикувањето на „аутсорсингот“, компаниите опфатени со истражувањето ги навеле намалување на трошоците за работна сила и тоа 34,1 отсто од нив, по што следува намалување на останатите производни трошоци со 27,8 проценти и фокусирањето на нивната основна дејност со 20,3 отсто.
Кога станува збор за работните процеси што се пренесуваат на субјекти во странство, во 47,4 отсто случаи тоа се административните и управувачките функции, по што следуваат информатичко-комуникациските услуги со 28,7 проценти.
Компаниите опфатени со истражувањето во периодот на кој се однесува анализата ангажирале 52.853 работници во странство, поради што биле укинати 152.023 работни места во нивните матични држави или 0,22 проценти од нивниот вкупен број.
Над една третина од изгубените работни места или 53.577 биле во производниот сектор, по што следуваат 33.818 во административно-управната сфера.
Меѓутоа, изразено во проценти, стапката на загубени работни места е највисока во областа на информатичко-комуникациските услуги и тоа 0,46 отсто, пред секторот на истражување и развој со 0,37 проценти.
Во анализата се оценува дека иако станува збор за прилично мали бројки на загубени работните места, сепак на долг рок не би требало да се занемари нивниот кумулативен ефект.
Со истражувањето биле опфатени компании од 22 земји членки на ЕУ и од Норвешка.
Свет
Москва му одговори на Макрон: Разговори – да, но со љубезни и пристојни луѓе
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Владимир Путин е подготвен за разговори, но само со „љубезни и пристојни луѓе“, одговарајќи на изјавите на францускиот претседател за потребата од дијалог со Москва.
„Нашиот претседател повеќепати истакнуваше дека секогаш е отворен за контакт, но со разбирање дека тоа ќе бидат љубезни луѓе со одредено основно ниво на пристојност“, изјави Лавров, потсетувајќи на острите изјави на Емануел Макрон, кој претходно ја нарече Русија, а лично и Путин, „единствениот злосторник“ во сегашниот конфликт.
Лавров претходно изјави и дека лидерите на Европската Унија се однесуваат непристојно, обидувајќи се да им диктираат на Кина и Индија дали треба да одржуваат контакти со Русија. Тој нагласи дека Москва го почитува правото на сите држави самостојно да ги одредуваат своите партнери, што, како што рече, е целосно во согласност со принципите на суверена еднаквост од Повелбата на Обединетите нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дошло време тој и европските лидери повторно да воспостават дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, пишува весникот „Фигаро“.
Фото: Depositphotos
Свет
Зеленски во Варшава: ЕУ донесе клучна одлука за поддршка на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Варшава истакна дека Европската Унија донела клучна одлука за финансиска помош за Украина, и покрај обидите на Русија да ја осуети.
„Русија направи сè за да ја осуети одлуката на лидерите на ЕУ за финансиските потреби на Украина, но во тоа не успеа“, изјави Зеленски.
На заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, тој нагласи дека Полска има големи заслуги за позитивната одлука на Европската Унија и дека украинскиот народ ѝ е благодарен на полската држава.
„Одлуката што ја донесоа европските лидери сега е најважна. Секако, Русија навистина сакаше да го наруши, откаже или одложи овој состанок. Европа покажа лидерство по ова прашање, што е исклучително важно, заземајќи цврст и решителен став. Ви благодарам што нè поддржувате и што продолжувате да нè поддржувате“, рече Зеленски, обраќајќи му се на Туск.
Како што истакна украинскиот лидер, Полска секогаш била на страната на Украина кога се избирало меѓу исправни и погрешни одлуки.
„Би сакал да ја искористам оваа можност да му се заблагодарам на полскиот народ за значајната поддршка што ѝ ја даде на Украина од самиот почеток на оваа војна. Сметавме на вашата помош и и понатаму сметаме на неа“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека, и покрај одредени тешкотии, особено поради историскиот контекст на билатералните односи, Украинците и Полјаците мора да се разбираат меѓусебно.
„И ние тоа го правиме и ќе се разбираме уште подобро отколку што се разбираме во денешните односи“, истакна Зеленски.
Сумирајќи ја посетата на Варшава, украинскиот претседател ги оцени како многу важни средбите со својот полски колега Карол Навроцки и со претставници на полскиот парламент. Според него, „најстрашното за Русија е тоа што двете земји стојат заедно“.
„Кога нашите земји се заедно, нема да можат да нè победат. Имаме многу добри односи и одлуки. Ставот што Полска го покажа во контекст на Украина е исклучително важен и дополнително го зајакнува нашето пријателство“, нагласи Зеленски.
По разговорите со Навроцки, Зеленски изјави дека денешната посета на Полска ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.

