Свет
Туристи славеле роденден, но бродот се превртел и потонал: најмалку три лица загинаа
Најмалку две лица загинаа кога брод со повеќе од 20 патници, главно туристи, се преврте и потона во водите на езерото Маџоре во северна Италија, јавија локалните медиуми.
Бродот се превртел синоќа меѓу градовите Сесто Календа и Арона поради лошото време и силниот ветер, а медиумите јавуваат дека две лица од чамецот се водат за исчезнати.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека 19 лица се спасени и безбедни, но потрагата по исчезнатите продолжува.
Атилио Фонтана, претседател на регионот Ломбардија, рече дека многу сериозен инцидент се случил поради лошите временски услови и потврди дека бродот што го изнајмиле туристите бил долг 16 метри.
На веб-страницата на дневниот весник „Република“ е наведено дека на бродот имало 25 луѓе, кои славеле роденден, но поради силниот ветер и брановите, бродот се превртел и набргу потонал.
Сите што биле на пловилото паднале во водата, повеќето успеале да допливаат до брегот, а некои биле извлечени од езерото и со чамци, кои биле пронајдени во близина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Пасатот“ го паркирал во море: капачите во Неум изненадени од несекојдневна сцена
Арогантното паркирање по улиците на градовите во БиХ веќе е секојдневие, но не се гледа често некој да паркира автомобил во морето, пишуваат тамошните медиуми.
Според написите, токму таква неверојатна слика ги изненадила неколкуте капачи на плажата во Неум, кои гледале како „Пасат“ буквално влегува во морето.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, возачот го паркирал автомобилот во морето за да го извади скутерот на вода од приколката.
Фотографиите од автомобилот според медиумите, брзо се рашириле на Интернет, а корисниците на социјалните мрежи коментираат дека никогаш не виделе нешто слично.
Свет
Свештеник во Флорида гризнал жена која се обидувала да се причести
Свештеник од Флорида се соочува со обвиненија за напад откако гризнал жена за време на неделната миса.
Жената дошла на мисата во 10 часот, која се одржала во црквата Свети Тома Аквински и се обидела да се причести, објави епархијата Орландо, како што пренесува „NBC News“.
Свештеникот и рекол дека не се подготвила соодветно за причест, и дал благослов и ја замолил да си оди.
Жената подоцна се вратила и се обидела повторно да се причести, велат од бискупијата, а кога Родригез ја прашал дали ги презела сите неопходни чекори за да се причести, таа му рекла дека тоа не е негов проблем.
Свештеникот потоа ја причестил. „Во тој момент жената ја ставила раката во сад што го држел свештеникот, тој се обидел да ја оттурне со слободната рака, по што жената го оттурнала. Свештеникот ја каснал за раката“, наведуваат од епархијата.
Полицијата го истражуваше инцидентот во црквата и го сомничи Родригез за злоупотреба, пренесува медиумот.
Свет
Израелски министер: Мораме да ја продолжиме борбата и покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата
И покрај денешната наредба на Меѓународниот суд на правдата. Израел веднаш да ги прекине воените операции во градот Рафаh, во Појасот Газа, израелскиот министер Бени Ганц, член на Воениот кабинет, изјави дека Израел мора „да ја продолжи борбата“.
Ганц телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен од штабот на израелската армија во Тел Авив, а потоа најавил дека Израел ќе продолжи „да постапува во согласност со меѓународното право“ во Рафа – пренесоа израелските медиуми.
„Државата Израел води праведна и неопходна кампања откако бруталнаta терористичка организација масакрира наши граѓани, силуваше наши жени, киднапираше наши деца и испука ракети во центарот на нашите градови“, рече Ганц.
Тој тврди дека оваа земја е „должна да ја продолжи борбата за враќање на своите граѓани“ кои се заложници на Хамас и да ја обезбеди безбедноста на сите граѓани насекаде, вклучително и Рафах.
„Ние ќе продолжиме да дејствуваме во согласност со меѓународното право во Рафах и каде и да оперираме и ќе правиме напори да избегнеме повреди на цивили, не поради Хашкиот трибунал, туку пред се поради тоа што сме ние“, најави Ганц, поранешен началник на Генералштабот на Израел.
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид ја осуди наредбата на Меѓународниот суд на правдата бидејќи тој суд не го поврза барањето за прекин на воената акција со барањето за враќање на израелските заложници приведени во Газа.
Лапид, кој е остар критичар на премиерот Бенјамин Нетанјаху, рече дека „неуспехот на тој суд“ на ОН да ги поврзе овие две работи е „морален колапс и морална катастрофа“.