Свет
Јапонската воздушна одбрана во состојба на готовност по најавата на Северна Кореја дека ќе лансира воен сателит

Северна Кореја објави дека ќе лансира воен шпионски сателит во периодот од 31 мај до 11 јуни, па јапонските власти денеска објавија дека системот за одбрана од балистички проектили е активиран и ставен во состојба на готовност предупредувајќи дека секоја ракета што ѝ се заканува на Јапонија ќе биде соборена.
Нуклеарно вооружената Северна Кореја соопшти дека го лансирала својот прв воен шпионски сателит, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги одобрил подготовките за лансирање, пренесува „Ројтерс“.
„Владата признава дека постои можност сателитот да помине преку територијата на нашата земја“, изјави секретарот на јапонската влада, Хироказу Мацуно, на редовниот брифинг со новинарите.
Ова е прво предупредување од јапонските власти.
Во април Јапонија го испрати својот разурнувач во Источното Кинеско Море вооружен со стандардни ракети пресретнувачи, тип „3 СМ-3“, кои исто така може да погодат цели во вселената, а ракетните системи „PAC-3“, дизајнирани да уништуваат крстосувачки ракети поблиску до земјата, се распоредени на островот Окинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пратеник најден мртов во парламентот во Финска

Безживотно тело е пронајдено денес околу 11 часот наутро во зградата на финскиот парламент, а според релевантните локални медиуми, станува збор за тело на пратеник кој извршил самоубиство, но сè уште не го објавуваат неговиот идентитет.
Полицијата не ги потврди наводите дека станува збор за пратеник, но објави дека засега нема сомнение за кривично дело.
Повикот до полицијата пристигна во 11.06 часот наутро.
Шефот на обезбедувањето на парламентот, Аро Тоивонен, рече дека имало смртен случај во зградата на парламентот, но дека на властите е да дадат дополнителни информации за случајот.
Еден од пратениците рече дека не знае многу за случајот.
„Немам никакви подетаљни информации. Тоа е навистина тажна работа, за што многу ми е жал“, рече пратеникот Јука Копра.
Копра додаде дека претпоставува оти парламентот ќе даде официјално соопштение кога тоа ќе биде можно.
Во овој момент во зградата на парламентот има голем број полицајци, а надвор беа видени неколку возила за итни случаи.
Свет
Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги критикува европските лидери за инсистирањето на прекин на огнот.
Во интервју за државниот телевизиски канал „Росија 24“, Лавров се осврна на средбата на Трамп со Владимир Путин на Алјаска опишувајќи ја атмосферата како „многу добра“.
„Беше јасно дека лидерот на Соединетите Американски Држави и неговиот тим, пред сè, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, одржлив, сигурен“, додаде Лавров.
Оваа изјава доаѓа еден ден откога Трамп изјави дека прекинот на огнот не е неопходен услов за постигнување мировен договор за време на тековниот конфликт меѓу Русија и Украина.
Од друга страна, Лавров упати остри критики до европските лидери. Според него, на секој чекор тие инсистирале само на прекин на огнот, а потоа ќе продолжат да ja снабдуваат Украина со оружје.
Свет
Швајцарија планира укинување на даночната казна за брак

Швајцарија планира да го укине системот на заедничко даночење брачни парови, кој често доведува до повисоки даноци отколку за невенчани двојки.
Поддржувачите велат дека оваа промена ќе поттикне повеќе жени да работат и ќе ја усогласи земјата со практиките на повеќето држави од ОЕЦД.
Сепак, конзервативните партии и црковните групи најавуваат иницијатива за референдум тврдејќи дека реформата ги казнува семејствата со еден примател на приход и би создала милион дополнителни даночни пријави.
Владата проценува дека половина од граѓаните би имале корист, 14 проценти би биле во полоша положба, а годишните приходи од даноци би се намалиле за речиси една милијарда франци.