Свет
Почна војната на клановите за тронот на Путин: „Ќе биде запаметен како најлош диктатор, како Хитлер или Гадафи“
„Верувам дека војната на клановите за тронот на Путин веќе почна. Тоа не значи дека ќе го сменат. Путин има 70 години, не е млад човек. Тоа значи дека неговите кругови разбираат дека порано или подоцна тој ќе умре или ќе се повлече. Тие сфаќаат дека треба да работат на разни сценарија по неговата смрт. А проблемот со тој негов круг е што е многу поделен“, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Роман Анин, руски новинар што работел за „Новаја газета“ и е еден од основачите на iStories, кој беше етикетиран како странски агент од руските власти во 2021 година.
Анин вели дека членовите на кругот на рускиот претседател Владимир Путин постојано се борат меѓу себе со децении.
„Има многу примери, да речеме (членот на рускиот Совет за безбедност и Националната гарда на руската гарда, Виктор) Золотов, кој е многу близок или бил близок со Путин. Тој беше негов телохранител. Золотов го мрази (директорот на ФСБ, Александар) Бортников, а тој го мрази Золотов, постојано се караат“, изјави Анин.
Тој смета дека тоа ги зголемува шансите еден од нив или во коалиција да почне да дејствува уште пред смртта на Путин или губењето на власта, „едноставно затоа што ќе сфатат дека не сакаат да губат време“, вели Анин и додава дека целта на борбата на елитата на Путин е многу прагматична.
„Сакаат да си ги спасат животите, имотот, животот на своите роднини. Тие разбираат дека откако Русија ќе ја изгуби војната, затоа што никој меѓу нив веќе не верува во победа, тоа ќе биде почеток на борбата за тронот. А тој што ќе ја изгуби битката ќе изгуби се“ рече Анин.
„Замислете следниот претседател на Русија да биде некој од кланот на (Николај) Патрушев, кој е шеф на Советот за безбедност, еден од главните владини органи. Тоа значи дека оние што се бореле против него сите тие години нема да може да си го спасат имотот, можеби дури и животот или слободата“, предупредува тој.
Како што рече, дел од проблемот е што сите тие се во ист чамец. Поради санкциите против Русија, тие не може едноставно да го предадат Путин и да ја напуштат земјата.
„Тие се заглавени таму. Замислете змии заглавени во исто шише и се мразат“, вели Анин.
Некои веруваат дека на Путин му одговара тоа што неговите подредени се свртени еден против друг за тој да остане во силна позиција додека тие слабеат. Анин вели дека „играњето судија во тие конфликти во внатрешниот круг“ била неговата стратегија пред војната во Украина, но дека тоа веќе не е така.
„Сега е обратно, го прават послаб“, вели Анин укажувајќи на јавните конфликти меѓу шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, како и меѓу Пригожин и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Анин вели дека Путин е политичар кој „постојано се плаши од донесување одлуки, кој претпочита да седи и да чека проблемот некако сам да се реши“. Оваа необична процена на човекот што решил да изврши инвазија на соседна земја се објаснува со верувањето на Путин дека нема ризик во тоа дека лесно ќе ја добие војната и ќе ја освои Украина за три дена.
„Да се одлучи да направи нешто во неговиот клан е поинаку. Тој навистина нема многу избор. Пригожин и другите таканаречени патриоти веќе почнаа да го критикуваат и да велат дека ја предал државата. Тоа се многу сериозни обвинувања. Или Путин ќе дејствува сам, што значи почеток на репресијата против поранешните сојузници, или ќе биде предоцна. Тоа е многу тешка одлука. Неверојатно е дека таквата одлука му е потешка од онаа да изврши инвазија“, рече Анин и додаде дека Путин ќе мора повеќе да дејствува како што се приближуваат претседателските избори.
Тој исто така смета дека Путин не го назначил својот наследник затоа што немал добра фигура, а тешко е да се најде некој што ќе им служи на сите поделени кланови и кој нема да го изневери следниот ден откога ќе стане претседател.
„Мислам дека деновиве најмногу жали што нема син, кој би можел да стане природен наследник… Сигурен сум дека ќе оди на уште еден претседателски мандат“, рече тој.
Што се однесува до наследството на Путин, Анин смета дека е јасно што ќе биде со тоа.
„Тој ќе биде (запаметен) речиси како (Адолф) Хитлер, како еден од најлошите диктатори, личноста што ја почна една од најсуровите војни во Европа. Тој сакаше да живее во историјата некаде помеѓу Петар Први и Катерина Велика, но ќе биде некаде помеѓу Хитлер и Гадафи“, вели Анин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Свет
(Видео) Силна бура ја погоди Калифорнија: стотици луѓе евакуирани на Божиќ
Силна бура ја погоди Калифорнија предизвикувајќи поплави опасни за животот и принудувајќи стотици луѓе да се евакуираат среде божиќните празници. Гувернерот прогласи вонредна состојба во шест окрузи поради екстремните услови, а се очекува бурата да продолжи и во текот на Божиќ, објави „Скај њуз“.
Силните дождови го погодија јужниот дел од американската држава на Бадник предизвикувајќи широкораспространети поплави. Снимките од планинско одморалиште покажаа порои од кал и отпад како се спуштаат по патиштата, а надојдената вода влегуваше во тремовите.
🚨⚠️ California on high alert! A massive storm is causing flash floods across LA. 🌊
Officials warn: “Turn around, don’t drown!” Roads are dangerous—don’t risk it. #CaliforniaFloods
pic.twitter.com/k5F1sZiHvI— World Daily Feed (@WorldDailyFeed) December 25, 2025
Националната метеоролошка служба на САД предупреди дека бурите ќе продолжат во текот на Божиќ и издаде ретко предупредување за висок ризик од прекумерни врнежи од дожд.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба во шест окрузи за да им овозможи, како што рече, на „службите за итни случаи и однапред поставените ресурси да ги одржат нашите заедници безбедни“.
Powerful holiday storm lashes California, brings flash floods as state of emergency declared in six counties https://t.co/DbQgGeFii7 pic.twitter.com/e0v3BK9UiI
— New York Post (@nypost) December 25, 2025
Властите на округот Лос Анџелес издадоа речиси 130 наредби за евакуација на домови во опасност. Многу од тие домови се во области што беа уништени од големи пожари претходно оваа година.
I-5 northbound in Sun Valley among road closures Wednesday night https://t.co/amAaxo6SC4
— Thomas Appleby (@ThomasAppl21720) December 25, 2025
Метеорологот на Националната метеоролошка служба, Мајк Вофорд, рече дека јужна Калифорнија обично добива до 2,5 сантиметри дожд во ова време од годината. Сепак, во многу области може да се појават помеѓу 10 и 20 сантиметри дожд оваа недела, а уште повеќе во планинските области.
Свет
Трамп до децата: Нема да дозволиме злобниот Дедо Мраз да се инфилтрира во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на децата дека нема да дозволи злобен Дедо Мраз да се инфилтрира во Соединетите Американски Држави, учествувајќи во традиционалното божиќно следење на Дедо Мраз. За време на јавувањето од својата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, претседателот на децата им објаснил и дека јагленот е „прекрасен“, а Дедо Мраз има „малку ангелска природа“, пишува „Скај њуз“.
Седејќи покрај божиќната елка, претседателот и првата дама примале повици од деца упатени до Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД), која секоја бадникова вечер ја следи патеката на санките на Дедо Мраз во целиот свет.
Кога четиригодишно и десетгодишно дете од Оклахома го прашале зошто се следи Дедо Мраз, Трамп одговорил: „Сакаме да се погрижиме да не се инфилтрира, да не ни се инфилтрира злобен Дедо Мраз во нашата земја“.
За време на десетината повици што ги примиле, претседателот често ја користел можноста да ја пофали состојбата во земјата велејќи дека е во одлична состојба и дека бројките се одлични.
На осумгодишно девојче од Канзас, кое рекло дека не сака јаглен за подарок, Трамп ѝ појаснил: „Мислиш, чист, прекрасен јаглен. Морав да го кажам тоа, извини“.
Потоа додал: „Јагленот е чист и прекрасен. Ве молам, запомнете го тоа, по секоја цена. Но, ти не сакаш чист, прекрасен јаглен, нели?“
„Не“, одговорило девојчето додавајќи дека повеќе би сакала Барби, облека и слатки.
Во разговор со осумгодишно дете од Северна Каролина, кое било загрижено дали Дедо Мраз ќе се налути ако не му остават колачиња, претседателот рекол дека не верува во тоа, но дека би бил многу разочаран.
„Знаете, Дедо Мраз – тој има малку ангелска природа. Знаете ли што значи ангелска природа?“, се пошегувал Трамп додавајќи: „Мислам дека Дедо Мраз би сакал колачиња“.
Претседателот бил добро расположен и изјавил дека би можел да прима повици цел ден, но набргу напоменал дека веројатно мора да се врати на други работи, како Украина, Русија и Кина.
Во еден момент, додека првата дама разговарала, тој забележал дека таа не му посветува многу внимание велејќи: „Таа може целосно да се фокусира, а да не слуша“.
Исто така, на петгодишно дете од Пенсилванија му рекол дека ги сака САД истакнувајќи дека републиканците победиле на последните избори со убедлива победа.
По разговорите, Трамп се огласил на својата социјална мрежа „Трут соушал“ со пораката: „Честит Божиќ на сите, вклучително и на радикалниот левичарски џган, кој прави сѐ што може за да ја уништи нашата земја, но тоа им оди многу лошо“.

