Спорт
Дитмар Хаман: И Тухел ќе го напушти Баерн

Баерн Минхен ја шокираше германската јавност, кога во саботата, ведаш по освојувањето на шампинската титула ги отпушти извршниот и спортскиот директор, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.
Откако ситуацијата малку се смири, претседателот на клубот Херберт Хајнер изјави дека позицијата на тренерот Томас Тухел и сигурна и дека тој ќе води тимот наредната сезона.
Германските медиуми не му веруваат на Хајнер, претпладнево објавија дека Баерн не завршил со отпуптањата и дека се подготвува нов „земјотрес“ во клубот.
Дитмар Хаман, поранешен играч на Баерн, како гостин на германски „Скај Спорт“, изјави дека клубот ќе го напушти тренерот Томас Тухел кој во клубот пристигна само пред два месеци.
“Кога вака се однесувате со луѓето, се поставува прашањето, дали воопшто сакате да работите во ваков клуб? Не можам да ја отфрлам опцијата Тухел наскоро да замине. Но, тој ќе си замине самоволно”, изјави Хаман, алудирајќи на судбините. на Кан и Салихамиџиќ.
Неговиот колега Ерик Мејер, исто така поранешен фудбалер, се согласи и додаде дека мисли дека „прашање на денот е кога Тухел ќе го напушти клубот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Синот на Роналдињо во Чемпионшип

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш (20) потпиша едногодишен договор со англискиот клуб Хал.
Англискиот клуб, член на Чемпионшип, со пораката „Добредојде Жоао“, го официјализираше трансферот на фудбалерот кој ќе се обиде да се докаже во нова средина.
Досега, Жоао не играше сериозен фудбал во континуитет.
Претходната сезона ја помина во Барнли, без ниту еден настап, не регистрираше ниту еден натпревар за сениорите (играше за тимот до 21 година), па ги напушти редовите на новиот член на Премиер лигата по само една сезона.
Претходно, како јуниор, играше за бразилските клубови Фламенго, Боависта, Васко да Гама и четири сезони за Крузеиро. Својата европска кариера ја започна во Барселона, каде што не ја помина пробата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Првиот човек на УЕФА за Србија – Албанија: Треба да се ослободиме од идиотите…

Александар Чеферин, претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), го коментираше претстојниот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Србија ќе игра против Албанија на 11 октомври (20:45 часот), најверојатно на малиот стадион во Лесковац (капацитет 8.000 седишта), а пред тој натпревар Чеферин испрати силна порака.
„Мојата порака, не само за овој натпревар, туку за сè, е дека фудбалот и спортот треба да ги зближуваат луѓето, а не да ги разделуваат. Треба да се ослободиме од тие идиоти кои го користат фудбалот за своите апсурдни идеи. Тие не го сакаат фудбалот, тие се сакаат само себеси и го користат за да ги шират своите бесмислени идеи“, рече Чеферин од Тирана.
Поранешниот словенечки судија беше во главниот град на Албанија на состанок на Извршниот комитет на управното тело, каде што беа решени прашања поврзани со градовите и стадионите домаќини на финалето на европските купови во 2027 година.
Таму беше направена промена во врска со терминот на почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите, кое повеќе нема да се игра од 21 часот.
Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.
Фото/ Принтскрин