Црна хроника
Гори маркет на бензинска пумпа во Гевгелија, пожарникарите на терен

Запален е маркет во склоп на бензинската пумпа „Окта“ во Гевгелија.
Екипи на противпожарната екипа од овој град го гаснат пожарот со 2 возила и 7 пожарникари.
Од Центарот за управување со кризи објавија дека нема повредени лица од пожарот.
Екипа од ЕВН и МВР се на самото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила: едното влечело „пинцгауер“, сопственост на ДЗС

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Пожар во автобус на ЈСП: повредена жена што управувала со возилото

Денеска (21.07.2025) во 07.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП, управуван од С.Б., додека се движел по булеварот.
Огнот бил изгаснат од страна на С.Б., која што потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: принтскрин
Црна хроника
Едно и полгодишно дете пронајдено во бесвест во базен во Прилепско

Синоќа, околу 20.30 часот, во ПС Прилеп, од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески“ било пријавено дека кај нив било донесено едно и полгодишно дете.
Според неговите родители С. И. и Б. Т. од с. Заполжани, општина Долнени, тие го пронашле детето во базенот во нивниот двор во бесвест.
На детето му е укажана помош во прилепската болница по што е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: принтскрин