Регион
Амбасадорот на САД побара да се избегнува насилно влегување во општинските згради на северот на Косово
Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, ги повика денеска општинските власти на северот од Косово, каде што се тензиите се на максимум, да не влегуваат насилно во општинските згради, пренесува „Радио СЛободна Европа“.
КФОР претходно денеска го зголеми своето присуство во општините на северот од Косово по порастот на тензиите поради изборот на градоначалници од албанска националност во мнозинските српски општини.
„Важно е да се избегнат ситуации во кои јавните функционери влегуваат во јавни згради користејќи сила“, рече Ховениер по средбата со претседателите на општините Зубин Поток и Звечан.
Ховениер рече дека ова е ставот на САД и другите земји од Квинтата: Обединетото Кралство, Италија, Франција и Германија.
„На средбата со градоначалниците разговаравме како тие можат да си ги исполнат обврските, да им служат на сите граѓани, на начин што покажува одговорност кон сите граѓани, а такво нешто сега, според нас, значи да не влегувате во зградите со сила“, рече тој.
Средбата се одржа во Канцеларијата на Европската Унија во Приштина, каде што беше и шефот на оваа канцеларија Томаш Шунјог.
Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ, денеска во Звечан разговараше со припадниците на КФОР, истакнувајќи дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина, Илир Пеци, да не влегува во општинската зграда.
Ховениер рече дека на средбата биле поканети четворица градоначалници на општините со српско мнозинство на северот од Косово, но дека биле присутни само градоначалниците на Звечан и на Зубин Поток, и двајцата од опозициската Демократска партија на Косово.
Ховениер рече дека се сретнал и со косовската претседателка Вјоса Османи и разговарал за ситуацијата на северот. Тој претходно ја осуди постапката на косовските власти во однос на пристапот до општинските згради на северот.
„Денешните насилни мерки мора веднаш да се прекинат“, напиша Ховениер на Твитер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.
Регион
„Следната земја-членка на ЕУ“ – Црна Гора брендираше авион со европската амбиција за членство до 2028 година
Црногорската влада, која планира до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, претстави авион на националниот превозник „Ер Монтенегро“ со слоганот „28by28 – The next EU member“. (следна земја-членка на ЕУ).
Од Министерството за европски прашања соопштија дека целта на кампањата е да се испрати порака до меѓународната јавност дека Црна Гора до 2028 година ќе стане 28-ма членка на ЕУ.
Премиерот Милојко Спајиќ при претставувањето на авионот во Подгорица изјави дека пораката претставува „стратешка изјава на државата“, додавајќи дека Црна Гора нуди стабилност и нова енергија за Европа.
Министерката за европски прашања Маида Горчевиќ оцени дека членството во ЕУ е амбициозна, но остварлива цел и повика сите институции и општествени чинители да ја пренесат пораката „28 до 2028“.
Властите претходно најавија дека имаат намера до крајот на годината да ги затворат сите преговарачки поглавја, со цел членство до 2028 година.

