Спорт
Хенес: Назначувањето на Оливер Кан беше голема грешка на Баерн Минхен
Легендата на Баерн Минхен, Ули Хенес, смета дека назначувањето на Оливер Кан за клупски шеф било грешка. Поранешниот голман беше извршен директор на Баварците, но беше отпуштен по последното коло.
„Дури и да ги освоевме сите титули и националниот куп и Лигата на шампионите, ќе го направевме истото. Одлуката мораше да се донесе“, изјави почесниот претседател на клубот за магазинот „Кикер“.
Запрашан дали е грешка да се назначи Оливер Кан на функцијата во 2021 година наместо друга клупска икона, Карл-Хајнц Румениге, Хенес одговори:
„Во реалноста мораме да признаеме дека е така. Големото разочарување доаѓа од тоа што мислев дека со својата силна личност ќе ја исполни улогата, но наместо тоа тој се опкружи со надворешни советници кои доведоа до создавање на катастрофална атмосфера во клубот“, изјави почесниот претседател на Баерн Минхен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шешко ќе остане во Лајпциг
Бенџамин Шешко нема да заврши во Арсенал на позајмица оваа зима, тврди менаџерот на играчот Елвис Башановиќ.
Шешко е играч на Лајпциг и не знам од каде таа приказна. Тој не некој што оди на позајмици, дали во Арсенал или кој било друг клуб“.
Минатото лето, младиот Словенец наводно одбил трансфер во Арсенал бидејќи не бил сигурен дека е подготвен да биде прв избор во клуб кој се стреми кон титулата во најсилната лига на светот.
Англичаните пишуваат дека тој има договор со клубот да го ослободи доколку некој ја понуди вистинската цена, а „Трансфермаркт“ го цени на 50 милиони евра.
Тренерот на Лајпциг, Марко Росе тврди дека Шешко нема д аго напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Спорт
Белгија го отпушти селекторот Тедеско
Фудбалскиот сојуз на Белгија го отпушти тренерот Доменико Тедеско (39) по серијата лоши резултати. Неколку недели се очекуваше дека Тедеско ќе добие отказ, особено откако не се појави на ждрепката за квалификациските групи за СП 2026 година.
Под водство на Тедеско, Белгија едвај се пласираше во осминафиналето на минатогодишното Европско првенство, а во Лигата на нации го освои третото место со само една победа во шест натпревари. Овие резултати се во целосна спротивност со оние на почетокот на неговиот мандат, кога имаше серија од 13 натпревари без пораз.
Резултатскиот пад на белгиската репрезентација започна по судирот на Тедеско со првиот голман Тибо Куртоа, поради што голманот на Реал Мадрид одлучи дека повеќе нема да брани за националниот тим. Главен кандидат за наследник на Тедеско е Тиери Анри, кој му беше помошник на поранешниот тренер Роберто Мартинез.
Белгија е противник на Македонија во кавлификациите за пласман на СП во 2026 година. Во групата Ј покрај Белгија и Македонија се и Казахстан, Велс и Лихтенштајн.
Спорт
Mozzart продолжува да ги опремува институциите: донација за ЈЗУ „Св. Еразмо“ – Охрид
Лидерот во приредување игри на среќа ја продолжува големата акција на опремување на институциите во Македонија со најсовремена техничка опрема.
Овојпат, на барање на ЈЗУ Св.Еразмо Охрид, компанијата донираше телевизори кои ќе бидат поставени во болничките соби.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart што ни излезе во пресрет и за краток временски период го одобрија и реализираа нашето барање. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и натаму со поголеми проекти”, изјави Др. Харалампие Шокароски, Директор на ЈЗУ Св.Еразмо Охрид.
Акцијата за донирање техничка опрема трае веќе неколку години. Долг е списокот на институции кои до сега беа дел од истата. Mozzart и натаму продолжува да подава рака секаде каде тоа е потребно.
„Како и за секоја друга донација, така и овојпат среќни сме што можевме да помогнеме. Нашата компанија и натаму останува лидер кога станува збор за општествената одговорност. Со исто темпо продолжуваме и понатака”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
ПР текст