Регион
КФОР: Вкупно 30 војници повредени во Звечан, двете страни да преземат одговорност

КФОР соопшти дека се повредени вкупно 30 припадници на мировните сили предводени од НАТО во Косово, и тоа 11 припадници на таа мисија од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, кои добиле повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од рачно изработени експлозивни направи.
„Тројца унгарски војници се ранети со употреба на огнено оружје. Нивните повреди не се опасни за животот“, се вели во соопштението на КФОР доставено до српската новинска агенција „Танјуг“.
Во него се додава дека Мисијата на КФОР го зголеми своето присуство во четири општини во северно Косово за да го намали ризикот од ескалација откако новоизбраните албански градоначалници се обидоа да ја преземат функцијата и дека нивните војници дејствувале одлучно и воздржано во рамките на строгите правила за ангажман. (ROE).
„КФОР секогаш дејствува одлучно и воздржано. Во овој случај одговори на непровоцирани напади од насилна и опасна толпа притоа извршувајќи го својот мандат од ОН на непристрасен начин“, се вели во соопштението.
Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуќа, лично го следи развојот на ситуацијата и изразува солидарност со војниците на НАТО, кои беа повредени за време на конфликтот, соопшти КФОР.
„Со цел да се избегнат конфликти меѓу страните и ризикот од ескалација, мировниците на КФОР спречија закани за животите на косовските Срби и косовските Албанци“, се нагласува во соопштението.
КФОР рече дека двете страни треба да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација наместо да се кријат зад лажните наративи.
Исто така, беше најавено дека КФОР ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди безбедна средина и слобода на движење „за сите заедници во Косово, во согласност со неговиот мандат заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.