Македонија
Георгиев си го штити претседателското столче, критики прима само за судиите кои застаруваат предмети
За новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев непријатни се укажувањата од страна на холандскиот амбасадор, кој го нарече советот нелигитмно тело. Георгиев вели дека советот работи според законот и уверува дека со ништо не е прекршен. Тој ги повика надлежните инстиуции доколку имаат сомнежи за нивната работа веднаш да ги истражат.
„Ќе потенцирам дека во целата оваа состојба работиме според закон, ве уверувам дека нема прекршување на законот, нека надлежните инстиуции ако имаат сомнеж, спомнуваа во јавноста некакви коруптивни елементи ве молам за тоа има надлежни инстуции нека испитуваат“ вели Георгиев.
Тој се согласува дека во нивната работа има и бројни забелшеки, особено немањето на разрешница за голем број од предмиетите на поранешното СЈО.
„Ги повикувам судовите и судиите, апсолутно мора да посветат внимание особено на тие сензитивни предмети, да имаат конечна завршница. Ствараме недоверба кај граѓаните, каде што некои предмети застаруваат тоа е реален проблем и тука се согласувам и со амбасадорот и тука мора да се понесе одговрност, а ние како судски совет ако мораме да ги следиме тоа ни е надлежност да ги следиме“ нагласи Георгиев.
Тој додаде дека досега немал средба со холандскиот амбасадор но дека ќе иницира во најскоро време, за да разговараат за замрзнувањето на холандскиот проект и продолжување на соработката. Не се согласува со изјавите на амбасадорот дека претседателот на Судски совет е избран на колегиум и смета дека и разрешувањето на неговата претходничка Весна Дамева и неговото назначување за претседател на Советот биле спроведени законски.
Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, а амбасадорот во земјава Дирк Јан Коп упати остри критики покрај за судството и за борбата против корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

