Црна хроника
Киднапирана па пуштена малолетничка од Скопје, киднаперот бил нејзиниот дечко

Две момчиња киднапирале малолетничка па ја пуштиле. Девојчето му била девојка на едното од момчињата.
На 30.05.2023 околу 02.30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот на 29.05.2023 на ул.„Мирче Ацев“, заедно со Б.П.(21) од Скопје со употреба на сила внеле во возило 17-годишна малолетничка од Скопје , со која Б.П. бил во љубовна врска, а набргу потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега.
-На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино. Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач со ауди усмрти 83-годишен пешак на патот од Горно кон Долно Лисиче

Денеска во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Под стреата во куќа одгледувал канабис, полицијата го приведе

Вчера околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис.
Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис.
Лицето е задржано во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.