Контакт

Црна хроника

Мигрант прободен со нож во тепачка, починал во болница

Објавено пред

Во тепачка меѓу мигранти, едниот бил прободен со нож, по што починал во болница.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (30.05.2023) во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот починало.

Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет“ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црна хроника

Кривична пријава за кумановка за демнење, следела и фотографирала друго лице

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава против жена од Куманово за демнење.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.В.(53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.

На 22.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека пријавената следела и вознемирувала лице од Куманово со фотографирање и испраќање фотографии и пораки на мобилниот телефон на друго лице.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Идентификувани лицата што насилно сакаа да му ја соблечат маицата со глава на орел на едно лице во Битола

Објавено пред

Од

Полицијата ги идентификува лицата кои насилно се обидоа да му ја соблечат маицата со глава на орел на едно лице од Шведска во Битола.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.

Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

Прикажи повеќе...

Топ

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Објавено пред

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Б. од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот 65-годишниот З.Ш. од село Добридол.

dobivaj vesti na viber

По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..

Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување на...

Македонија24 минути

(Видео) Кирков бара да се затвори Зоолошката во Скопје поради можна епидемија на туберкулоза

Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот гибон за кој, според нашите сознанија, по извршениот патолошкиот...

Македонија1 час

Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која беше...

Македонија2 часа

Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може...

Македонија3 часа

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје...

Култура3 часа

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен...

Македонија4 часа

„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Македонија5 часа

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...

Топ5 часа

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Македонија6 часа

„Влен“: Во ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборната единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,...

Свет6 часа

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиона „Ф-16“ прелетаа над американскиот разорувач со водни ракети „УСС Џејсон Данам“ во јужниот дел на Карипското...

Европа6 часа

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не може да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет6 часа

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет7 часа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет7 часа

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет7 часа

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...

Македонија23 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ24 часа

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ1 ден

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија1 ден

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...