Спорт
Кројф: Враќањето на Меси во Барса зависи од него, но и од Ла лига

По освојувањето на титулата во Ла лига, сите навивачи на Барселона се фокусирани кон големото прашање – дали клубот ќе успее да го врати во Каталонија нивниот херој, Лионел Меси.
Се очекува Аргентинецот да си замине од Пари Сен-Жермен по крајот на сезоната, но Барса уште нема поднесено конкретна понуда, откако од Саудиска Арабија дојде супер-богата понуда вредна стотици милиони евра, како и интересот на американските клубови. Спортскиот директор на Барса, Жорди Кројф, кој заминува на крајот на сезоната, признава дека првиот чекор треба да биде одобрувањето на планот на Ла лига за финансиска консолидација на тимот.
„Неговото пристигнување зависи само од Меси, но од друга страна и од економскиот ферплеј кој Ла лига ќе ни го утврди. Очекуваме брза одлука“, вели Кројф за „Мундо депортиво“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баер со двајца помалку на теренот го победи Ајнтрахт

Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига.
Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме.
Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал во финишот на првиот дел.
Тие 2:0 ги преполови Узун во 52. минута, а потоа во 58. Роберт Андрих доби црвен картон, а Леверкузен се бранеше френетично до крајот.
Во 92.минута во екот на нападите на гостите од Фракфурт, Баер остана со уште еден играч помалку на теренот. Црвен картон доби и Езекиел Фернандез.
До крајот Баер постигна уште еден гол преку играчот на натпреварот
Грималдо, кој во осмата минута од судиското надополнување постигна преубав гол.
Баер ја забележа првата победа во сезоната и сега има четири бода, додека Ајнтарт го претрпе првиот пораз во сезоната и остана на шест.
Спорт
Ридигер ќе паузира до три месеци

Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер.
Како што објави Реал Мадрид во официјалното соопштение, Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога.
Прегледите покажале дека повредата е сериозна. Првите прогнози се дека, во најдобар случај, паузата ќе трае 10, а можеби и повеќе од 12 недели.
Спорт
Турција ја растури Грција за финале на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68 (26:16, 25:13, 23:20, 22:17).
Турција по пауза од 24 години повторно ќе игра финале на ЕП. Во 2001 година на домашен терен Турците го загубија финалето од Сојузна Република Југославија. Грците како и пред 16 години го загубија финалето, тогаш во Полска ја освоија бронзата.
Турската одбрана ја уништи Грција, го ограничи најголемиот грчки адут Јанис Адетокумбо на само 12 поени. А турскиот напад беше вистинска поезија. Одбраната на Грција ја уништи Ерџан Османи, постигна 14 поени во првата четвртина, имаше 18 на полувремето, а мечот го завшри со 28 поени, погоди пест тројки од осум обиди.
Натпреварот од почетокот беше еднонасочна улица. Турците отворија со 7:0, а потоа константно ја зголемуваа предноста, која во финишот на првиот дел изнесуваше и 19 поени.
Во вториот дел, Турците рутински ја завршија работата.
Покрај Османи кај Турција се истакнаа Џеди Осман со 17 поени и по три скока и асистенции, Алперен Шенгун со дабл-дабл учинок, 15 поени, 12 скока и шест асистенции, како и Шејн Ларкин со 14 поени и пет асистенции.
За Грција, Костас Слукас имаше 15 поени со три скока и четири асистенции, а Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл со 12 поени и 12 скока, 11 поени уфрли Панајотис Калаицакис.
За златниот медал в недела, Турција ќе игра против Германија, додека во „малото финале“ за бронзата ќе играат Грција и Финска.