Забава
7 места кои се tantissimo-убави и мора да ги посетите во Италија
Италија е рај за секој патник. Нарекувана Bel Paese, што значи прекрасна земја, Италија е, всушност, петтата најпосетувана земја во светот, која ги привлекува туристите со својата разновидност, изобилува со градови со “tantissimo“ познати знаменитости, градови на вода и прекрасно крајбрежје.
Овие се седумте места кои мораш да ги посетиш доколку патувате низ Италија:
1. Рим и неговата историја
Главниот град на Италија не е изграден за еден ден и ќе ти треба повеќе од еден ден за да можеш да ја почувствуваш магијата на овој безвременски град. Познат како „вечниот град“, Рим изобилува со многу познати историски знаменитости, како Колосеумот, Пантеонот на Агрипа со огромната купола или Римскиот форум. Да не ја заборавиме Фонтана ди Треви, во која можеш да фрлиш паричка, како и големиот број на плоштади, пазари и “tantissimo“ многу уметнички галерии. Рим е место, што треба да го доживееш со талкање по улиците со калдрма на Трастевере, уживајќи во совршеното еспресо и сладолед.
2. Фиренца – престолнина на ренесансата
Еден од “tantissimo“ романтичните европски градови, Фиренца, сè уште ужива во славата на ренесансната уметност и архитектура. Главниот град на регионот Тоскана, ги фасцинира туристите со Форте ди Белведере, од каде како на дланка ќе можеш да ја видиш цела Фиренца, куќата на Данте Алигиери, Давид – најпознатата скулптура на Микеланџело, мостот Понте Векио, како и големиот број истакнати музички галерии.
3. Венеција – градот на романтичарите
![]()
Венеција е најнеобичниот и најромантичниот град во Италија, затоа што се наоѓа на вода. Еден од фасцинантните факти за Венеција е дека градот едвај има патишта за автомобили, па затоа мораш да го истражиш пеш или со гондола, за да ја откриеш хипнотизирачката убавина, бидејќи целиот град се протега по “tantissimo“ многу канали. При посетата на Венеција задолжително посети го Плоштадот Свети Марко (Piazza San Marco), познатата палата Дукал и Базиликата Свети Марко (Basilica Cattedrale Patriarcale di San Marco) и уживај во градот на маските и венецијанското стакло, од кое се креираат едни од најпопуларните колоритни украси што ги купуваат туристи од целиот свет.
4. Милано – култура и ноќен живот
Космополитски град за бизнис, иновации, но и срцето на италијанската мода. Милано е дестинација број еден за љубителите на модниот свет, но претставува и најдобар град за запознавање на италијанската култура и ноќен живот. Една од главните туристички атракции е Катедралата Милано (Duomo di Milano), која е готско ремек-дело, старо над 650 години. Останати места, кои вредат да се посетат се плоштадот Дуомо, најпопуларната опера Ла Скала, замокот Сфорца, кој се наоѓа во Паркот Семпионе – ботаничкиот скапоцен камен на Милано и, секако, Сан Сиро или Џузепе Меаца, домот на двата големи фудбалски тима Милан и Интер.
5. Брегот Амалфи – летно доживување
Брегот Амалфи, кој е популарен по огромното крајбрежје е преполн со мали светкави плажи и рибарски села со пастелни нијанси. Сместени среде синото море и спуштените карпи, прекрасните градови Позитано, Атрани и Равело, нудат возвишен поглед на ридот. Овие живописни крајбрежни градови се сместени на планини, од каде можат да се видат лавиринти од скали и тесни улички што ги поврзуваат градовите со плажите и камчињата од брегот Амалфи. Терасните градини и градините со лимон во Конка деи Марини се, исто така, меѓу главните атракции на овој брег.
6. Тоскана – винови лозја и рамнини
![]()
Сместена во срцето на Италија, Тоскана е позната по “tantissimo“ големиот број на рамнини и винови лози, како и брилијантната уметност и архитектура од времето на ренесансата. Од убавините на градовите Сиена, Лука, Кортона или Пиза, следно можеш да уживаш во големите сесии за дегустација на храна и вино. Големиот број на музеи содржат “tantissimo“ многу скулптури и слики, кои заеднички природно креираат уникатно искуство на рурално живописна средина. Тоскана е неверојатно место во Италија кое има шармантни вибрации и прекрасен поглед кон природните убавини.
7. Помпеја – закопаниот град
Античкиот град Помпеја се наоѓа во близина на Неапол и бил затрупан од ерупцијата на вулканот Везув во 79 година. За Помпеја не се знаело 1600 години, сѐ додека не бил откриен случајно во 1748 година. Поради ненајдената ерупцијата на Везув, градот е останат во таква состојба каков што бил во тоа време. Ископувањата, кои се прават од неговото откривање ни даваат увид во животот на градот во зенитот на Римското Царство. Помпеја се смета за светско наследство на УНЕСКО.
![]()
Италија изобилува со уште многу места и градови кои вредат да се посетат, но овие се едни од најпосетуваните туристички места на Апенинскиот Полуостров. Доколку и ти сакаш да прошеташ на едно од овие “tantissimo“ убави места, тоа можеш да го направиш со учество во наградната игра „Ma Tantissimo со Credissimo“. Главната награда се две патувања во Италија, па токму ти можеш да бидеш еден од среќните добитници на ова патување. Повеќе информации околу наградната игра можеш да најдеш на следниот линк.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Дејли Меил“ ја смести Хрватска на својата листа на евтини туристички дестинации за 2026 година
Додека 2025 година беше обележана со протести на локалните жители против масовниот туризам низ цела Европа, од Канарските Острови па натаму, 2026 година се чини дека носи сосема поинаков тренд. Наместо да се борат против туристите, многу земји сега активно ги покануваат, особено оние кои бараат попристапни пакети и подобра вредност за парите, пишува „Дејли Меил“.
Низ Европа, Северна Африка и Азија, сè поголем број земји инвестираат во пристапност, поедноставуваат визни режими и започнуваат кампањи насочени кон привлекување патници кои се свесни за буџетот. Бројни дестинации ја докажуваат својата добредојденост со нови авиокомпании, субвенции и политики што го поттикнуваат туризмот, а нивните влади и туристички одбори дизајнираат иницијативи специјално за вакви посетители.
Тунис е на врвот на листата, проширувајќи ги своите буџетски пакети за цела година и подобрувајќи ги воздушните врски. Северноафриканската земја е сè попопуларна поради своите ниски цени и прекрасни пејзажи. Во меѓувреме, Бугарија продолжува да ги промовира Сончев Брег и Варна како најприфатлив европски брег, привлекувајќи сè повеќе туристи.
Меѓу земјите што сакаат да привлечат повеќе гости е Албанија, која значително инвестираше во инфраструктура, нискобуџетни летови и маркетинг за развој на туризам со средна и ниска цена. Шри Ланка ги охрабрува пристигнувањата со воведување бесплатни 30-дневни визи, додека Камбоџа, Грузија, Непал и Виетнам, исто така, ги олеснуваат процедурите за виза, проширувајќи ги своите мрежи на авиокомпании и спроведуваат програми за развој дизајнирани да привлечат посетители.
Истра во Хрватска се позиционира и се пласира како опуштена и гостопримлива алтернатива на скапите туристички центри, со цел да привлече повеќе патници. Египет, исто така, спроведува стратегија за туризам до 2030 година, насочена кон зголемување на бројот на посетители преку прифатливи, масовни одмори.
фото/депозитфотос
Забава
Емили Ратајковски ги налути обожавателите со објава: „Не го почитуваш хиџабот“
Моделот Емили Ратајковски (34) ја прослави победата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, со контроверзна објава на Instagram што ги подели нејзините обожаватели. Видео од нејзиното тверкање во продавница, проследено со фотографија од неа како носи хиџаб во џамија, предизвика лавина од коментари и обвинувања за непочитување.
Во видео посветено на „Њујорк на Мамдани“, Емили танцува во продавница облечена во проѕирно црно здолниште и краток топ со отворен грб. Со тоа, таа го поддржа новиот градоначалник – првиот муслимански лидер на најголемиот град во Америка, една недела откако тој положи заклетва.
На друга фотографија, Ратајковски позираше во бело со шамија за време на посетата на локација што личи на џамијата Шеик Зајед во Абу Даби.
Сето тоа го заокружи со фотографија од нејзиниот четиригодишен син Силвестер Аполо Бер, кого го дели со поранешниот сопруг Себастијан Бер-Меклард (44), направена за време на забава за Ноќта на вештерките.
Реакциите на луѓето беа поделени. Многумина ја нарекоа комбинацијата од провокативно танцување и фотографија од џамија несоодветна. „Емили, ми се допаѓаш, но првите два слајда се непочитувачки“, напиша еден следбеник.
„Те сакам, кралице, но ти едноставно не го почитуваш хиџабот“, додаде друг. „Сè за внимание, а?“, гласеше еден коментар. Сепак, имаше и такви на кои им се допадна објавата. „Чипсот никогаш не изгледал толку добро!“ коментираше некој, осврнувајќи се на грицките што се гледаат во продавницата во видеото.
Ратајковски е позната по своите отворени политички ставови. Во 2016 година, таа водеше кампања за Берни Сандерс, а во 2020 година беше една од многуте познати личности што проговорија за убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата.
Таа и нејзиниот тогашен сопруг Себастијан маршираа низ улиците на Лос Анџелес како дел од движењето „Black Lives Matter“, носејќи знак на кој пишуваше „дефинансирање на полицијата“.
фото/депозитфотос
Забава
Пет хороскопски знаци кои се најпосесивни во љубовта
Љубовта носи силни емоции, а кај некои хороскопски знаци тоа често се претвора во изразена посесивност. Астрологијата наведува пет знаци кои најтешко го делат вниманието на саканата личност.
Шкорпијата е на врвот – сака длабоко и интензивно, а посесивноста произлегува од силен страв од предавство. Љубомората им е тивка, но силна.
Бикот бара стабилност и сигурност, па партнерот го доживува како нешто што мора да се заштити. Не прави сцени, но јасно поставува граници.
Лавот сака да биде центар на вниманието. Љубомората кај него е гласна и драматична, а потребна му е постојана потврда на љубовта.
Ракот е емотивен и чувствителен, со силен страв од напуштање. Посесивноста ја покажува преку повлекување и емоционална несигурност.
Овнот е импулсивен и натпреварувачки настроен. Не трпи ривали и отворено се соочува со секоја закана за врската.
Иако овие знаци се посклони кон посесивност, секоја личност е различна, а клучот за здрава врска секогаш се довербата и отворената комуникација.

