Македонија
(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат
Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се поврзани со здравствената состојба. Пендиков одново се пожали оти имал повреди. Наспроти претходните тврдења дека се плаши да се врати во Македонија, сега порача: „Не се плашам“. Кога новинарите го прашаа дали беше неопходно од неговиот случај да се прави политика – тој се насмевна и одби да одговори.
„Сега сум подобро, сè уште имам прегледи што ми следуваат, имам два пукнати прешлена. Се надевам дека ќе можам да патувам на 12 јули“, рече Пендиков.
Се пожали оти му се закануваат, но не кажа дали ова го пријавил во полиција како што направи со претходниот случај.
„Лично да се плашам, не се плашам. Ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани со пцуење на ‘Фејсбук’, ‘Месенџер’, да се читаш во коментари“, додаде тој.
Судењето се одложи. Претходно, нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски беше доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан Пендиков. Беше побарано одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Арсовска во увид на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, денес извршија увид во реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект.
Во оваа фаза од изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска и заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа предвидено е поврзување на двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.
Со почеток на реализација на предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по новопредвиден булевар Хрватска во првата фаза, започнати се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.
Македонија
„Биди хуман- спаси живот”: крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето
Уставниот суд денеска организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман- спаси живот” која ќе се одржи во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Судот.
Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење.
Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени над 30 дарители од Уставниот суд, меѓу кои и судии и советници од стручната служба.
Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.
Македонија
Силен СДСМ во Собранието е потребен за иднината на државата, велат социјалдемократите
Граѓаните треба масовно да излезат да гласаат на 8 мај, со својот глас да ја поддржат идејата за напредна, слободна и европска држава, да го поддржат СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, за ДПМНЕ да не го донесе повторно режимот во најава, кој толку долго прогресивните сили во државата се трудеа да го срушат.
Ако десничарска партија како ДПМНЕ на гордиот наследник на Груевски добие преголема моќ, тоа ќе ги убие ЕУ перспективите, ќе ја загрози слободата и демократијата.
Доволно долго Македонија седеше во чекалната за Европа, додека други држави поминуваа, и никој не сака пак да се вратиме таму.
ДПМНЕ ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, тие немаат ниту план ниту пак се доследни во остварувањето на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој“, се вели во соопштението.