Македонија
(Видео) Адвокатот на напаѓачот: Не сакам да кажам дека и судот има некој притисок, од случајот „Пендиков“ се направи европски проблем
Адвокатот Димитрија Цобoски, кој го брани обвинетиот Илија Спасевски, рече дека судницата ја напуштил оти на некој начин и судот има притисок со оглед дека не беше дадено одлагање на рочиштето иако беше доставен нов доказ, кој бараа да го проучат. Новиот доказ се однесува на вештачењето на повредите на Пендиков. Адвокатот претпоставува што е направено.
„Се јавува и проблем зошто толку бргу и на тој начин ја напушти болницата ‘Св. Еразмо’, која е позната болница и во фаза кога требало да биде префрлен на хирургија во Скопје, наместо таму, однесен е на аеродром и со владин авион на Бугарија е однесен во Бугарија“.
Не велам дека одлуката е политичка, за тоа сме ние тука бранителите, посочи адвокатот на обвинетиот. Тој додаде дека од доказите произлезе дека Илија Спасевски е виновен – ќе си одговара дека е виновен.
„Од еден случај ‘Пендиков’ се направи европски и меѓународен проблем. Истата вечер имало и друг настан, каде што бил претепан човек од повеќе извршители, бил повреден, никој не го спомена случајот, ниту излезе на вести. Во самото обвинение стои дека обвинетиот Илија бил со некое непознато лице. Е, па, тоа непознато лице кои повреди ги нанесе? Тоа ќе видиме“, рече адвокатот Димитрија Цобoски.
Судењето се одложи. Претходно, нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски беше доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан Пендиков. Беше побарано одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

