Македонија
Османи – Лирман: Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамките на учеството на безбедносниот форум на „Глобсек“ во Братислава се сретна со министерката за Европа и клима на Германија, Ана Лирман.
Во фокус на разговорите беше нашето европско досие, при што Османи брифира за претстојниот процес на донесување на уставните измени, со цел отворање на првиот кластер од пристапните преговори и во овој контекст,се заблагодари за цврстата германска поддршка.
Османи ја запозна соговорничката со концептот „Повеќе интеграција пред членство во ЕУ“, со што, како што истакна, „периодот до полноправно членство би се искористил од земјите од регионот, од една страна, а од друга, би се додал повеќе кредибилитет на пристапниот процес“.
„Верувам дека се реалистични нашите барања за постепен пристап до фондовите, политиките и заедничкиот пазар на Унијата, со цел нашите државјани да ги чувствуваат придобивките од евроинтеграцијата порано. Со ова евроскептицизмот во раст би го трансформирале во заемна доверба, со побрзо темпо при реализацијата на реформите во нашата држава“, рече Османи.
Османи и Лирман разменија мислења и за актуелните случувања на северот на Косово, за итната потреба од деескалација на состојбите и враќање на дијалогот, кој треба да обезбеди одржливи решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

