Спорт
(ВИДЕО) ПСЖ го претстави дресот за следната сезона: Мбапе е главна ѕвезда, но тука се и Нејмар и Меси?!
Пари Сен Жермен го претстави својот нов домашен дрес за сезоната 2023/2024. Главен лик на презентацијата беше Килијан Мбапе, но интересно е дека во видеото се појавуваат и Лионел Меси и Нејмар, ѕвездите за кои се најавува дека ќе го нашуштат Париз ова лето.
Договорот на Меси истекува и нема да биде продолжен, додека Нејмар има важечки договор, но се разгледува можноста за негов трансфер во Премиерлигата.
Дресот беше претставен во видео во кое се големите ѕвезди на тимот Килијан Мбапе, Лео Меси, Нејмар, Маркињос, Марко Верати и Преснел Кимпембе, како и фудбалерката на ПСЖ, Сакина Каршави.
🆕🏟️👕
Découvrez notre nouveau maillot 𝐇𝐨𝐦𝐞 @nikefootball pour la saison 23/24 🟥🟦
Une tunique qui rend hommage à un design classique du maillot parisien et incarne l’esprit unique de la capitale française ✨#𝐼𝐶𝐼𝐶𝐸𝑆𝑇𝑃𝐴𝑅𝐼𝑆 pic.twitter.com/f9Ku9lsdIY
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 31, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025
Спорт
Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино
Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не учествува на Завршниот мастерс во Торино.
Српскиот играч имаше голема желба да биде дел од завршниот турнир, а по победата против Лоренцо Мусети во финалето во Атина, тој зборуваше за причините за (не)очекуваната одлука.
„Навистина се радував на Мастерсот во Торино и можноста да дадам се од себе, но по денешното финале во Атина, со жалење објавувам дека морам да се повлечам поради повреда“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Искрено ми е жал за навивачите кои се надеваа дека ќе ме видат како играм – вашата поддршка ми значи многу. Им посакувам на сите играчи неверојатен турнир и едвај чекам наскоро да се вратам на теренот со сите вас.“
Ѓоковиќ требаше да биде во таканаречената „Џими Конорс група“ со Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Наместо него, Мусети ќе игра во Торино.
Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и Феликс Оже-Алијасим играат во „Групата Бјерн Борг“.
Турнирот е закажан од 9 до 16 ноември, а првиот ден на програмата се натпреварите Алкараз – Де Минор (14) и Зверев – Шелтон (20:30).
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.

