Спорт
Бензема би добил неверојатен луксуз во Саудиска Арабија, Шпанците ги објавија деталите
Францускиот ас Карим Бензема сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид и да ја прифати неверојатната понуда од Саудиска Арабија, вредна 400 милиони евра за две години.
„Ел Мундо“ ги откри деталите од понудата која Бензема ја има на маса.
Французинот би бил ослободен од плаќање данок, би имал 100% права да заработува од својот бренд и би можел да ги носи сите комерцијални одлуки сам со својот тим. Покрај тоа, Бензема може да избере во кој саудиски клуб ќе игра и да избере во кој град сака да живее. Покрај тоа, Саудијците на Бензема би му го обезбедиле апсолутно секој луксуз што би можеле да го побараат. Ваква понуда, како што тврди „Ел Мундо“, досега не добил ниту еден фудбалер.
Доколку Бензема замине, Реал Мадрид нема да добие никакво обештетување бидејќи 35-годишниот француски напаѓач има договор со мадридскиот клуб само до крајот на јуни оваа година. Бензема претходно се согласи да ја продолжи соработката со Реал на уште една година, но ништо не беше потпишано.
За Реал Мадрид одигра 647 натпревари и постигна 353 гола со 165 асистенции, освои четири шампионски титули во Шпанија и пет трофеи во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

