Црна хроника
Паднал од мопед, тешко повреден штипјанец
Синоќа во 23.09 часот во Полициската станица Штип, од Клиничката болница Штип, било пријавено дека за укажување на лекарска помош со тешки телесни повреди бил донесен Е.В.(45) од Штип.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мопед во двор на ул.„Благој Мучето“ во Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец тешко повреден од струен удар
Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека, при извршување работни задачи за приватна фирма во трафостаница на подрачје на Гази Баба, С.М.(56) од Скопје се здобил со струен удар и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Во болницата му биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Си ги присвоил парите од дневниот промет: кривична за разнесувач на пратки од Кавадарци
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(30) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 04.03.2024 пријавениот, како поштенски работник – разнесувач на пратки во правно лице со претставништво во Охрид, паричните средства од дневниот промет неовластено ги присвоил, наместо да ги предаде во тековниот ден на овластено лице за прием на прометот.
Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 92.000 денари.
Црна хроника
Син претепал татко во Пробиштипско
32-годишен маж од Пробиштипско му се заканувал и го претепал неговиот татко.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Злетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 20.04.2024 во семејниот дом во пробиштипско село, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал и упатил закани на неговиот татко.