Европа
Полска против планот за релокација на мигрантите на Европската комисија
Полската влада нема да соработува со планот за принудно преместување мигранти предложена од Шведскиот совет на Претседателството со ЕУ, соопшти вчера тамошното Министерство за надворешни работи.
Стокхолм го поддржа предлогот на Европската комисија во врска со реформата на системот за миграција и азил на ЕУ, која вклучува релокација на 120.000 мигранти годишно или еквивалент од 22.000 евра од мигрант што треба да ги платат земјите што одбиваат да ги примат новодојдените, велат извори од ЕУ за Полската агенција за печат (ПАП).
„Полска нема да се согласи со шемата за задолжителна релокација, систем што веќе се покажа апсолутно неефикасен и штетен. Време е да се концентрираме на елементарните предизвици и на ефективните алатки, а не на псевдорешенијата“, вели полскиот заменик-министер за надворешни работи, Шимон Шинковски вел Сек, за „ТВП нифо“.
Полска ефикасно се справи со најголемата миграциска криза по Втората светска војна, рече Вел Сек, алудирајќи на бегалскиот бран по почетокот на руската инвазија на Украина.
„Полска прими 2 милиона бегалци, а повеќе од 10 милиони ја поминаа полско-украинската граница од 24 февруари 2022 година“, истакна тој.
Реформата за миграција и азил беше на агендата на состанокот на амбасадорите на ЕУ во средата. Појдовна точка во дискусијата беше предлогот на ЕК, што, како што рече полскиот постојан претставник Анджеј Садош, Полска категорично го отфрла.
Според ПАП, Садош на средбата рекол дека предложениот систем не обезбедува доволно мерки за солидарност. Варшава исто така се спротивставува на опцијата за финансиски придонес наместо прифаќање мигранти, што Садош го нарече казна за одбивањето да го прфиати планот.
„Задолжителната релокација не била, не е и нема да биде во предлогот“, појасни шведската министерка за миграција, Марија Малмер Стенергард.
„Задолжителната солидарност е друга работа“, напиша таа на „Твитер“ минатата недела објаснувајќи дека земјите што не сакаат да примаат азиланти може да придонесат со пари или со изградба на капацитети.
Шведската влада сака да ги заврши разговорите до јули кога претседавањето со Советот на ЕУ ќе ѝ го пренесе на Шпанија, да Германија сè уште се двоуми дали да ја поддржи реформата во нејзината сегашна форма.
За усвојување на предлогот од страна на извршната власт на ЕУ потребно е двотретинско мнозинство меѓу земјите членки на ЕУ, а сè уште е далеку од сигурно дали поборниците на реформата ќе го добијат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око
Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.
Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна.

epa12650914 French President Emmanuel Macron delivers a speech during a visit to the Istres Air Force Base in Istres, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Повикувањето на насловната песна од филнот „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека таа мора да стане посилна и побрза. Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека ги прегледуваше војниците.
„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. „Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

epa12651821 French President Emmanuel Macron delivers a speech as he visits the Istres military air force base, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Тој го искористи своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во јужна Франција за да најави поголеми трошоци за одбрана. Тој рече дека сака да ги помести плановите за буџет за одбрана од 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, со 3,5 милијарди евра за забрзување на вооружувањето на Франција достапно оваа година.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.

