Свет
Русија ги затвора дипломатските претставништва во Германија

Германската влада најави дека Русија ќе затвори четири дипломатски претставништва во Германија.
Станува збор за потег кој доаѓа откако Русите го ограничија бројот на персоналот во германската амбасада во Русија.
Кремљ најави дека само 350 германски дипломати може да останат на руска територија.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер, изјави за новинарите во Берлин дека Русија има конзулати во Бон, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг и во Минхен. Бургер рече дека на Русија ќе ѝ биде дозволено да ја продолжи работата на Амбасадата во Берлин и на уште еден конзулат по крајот на годината.
Руската влада неодамна објави дека максимум 350 германски владини службеници би можеле да останат во Русија. Тоа значи дека Германија до ноември ќе мора да ги затвори конзулатите во Екатеринбург, Новосибирск и во Калининград. Отворени ќе останат само Амбасадата во Москва и конзулатот во Санкт Петербург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.