Регион
(Видео) „Што се криеш бе, дојди!“ – тепачка во бугарскиот парламент

Тензии во бугарскиот парламент доведоа до пресметка меѓу пратеничките групи на Вазраждане и Продолжување на промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).
Во видеото од пленарната сала се гледа метежот што следува по читањето на декларацијата на Преродба. Некои од пратениците се собрале околу собраниската говорница, каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ.
Потоа пратениците се довикуваа на пресметка со изрази, како: „Што се криеш, ела бе!“ Како што пренесе бугарската телевизија, на Манол Пејков од ПП-ДБ му ја одрале кожата на образот, а заменик од Преродба завршил со скршени очила.
„Пред речиси три години во Бугарија почнаа протести, на кои учествуваа стотици илјади бугарски граѓани. На протестите се бараше оставка од тогашниот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Застанавме зад овие протести, како и други партии, а денес преговараат за кабинет со оние што ги нарекуваа мафијаши со години“, рече Искра Михаилова од Преродба.
Според неа, од записите што излегоа пред неколку дена се покажало дека има предавници не само на сопствените зборови и гласачи туку и на државата во целина. Михаилова побара вториот мандат да му се врати на претседателот.
Јавор Божанков од ПП-ДБ ече дека бугарски национален интерес во овој момент е да има влада, а странски интерес е да нема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.