Свет
ФСБ: ЦИА хакирала „ајфони“ на дипломати во Русија

ЦИА инсталирала малициозен софтвер на илјадници телефони на „Епл“ што ги користат руски државјани и странски дипломати кои работат во земјата, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува РТ.
ФСБ соопшти денеска дека заедничката операција со Федералната гарда (ФСО) открила операција за набљудување на американските разузнавачки агенции, изведена со употреба на мобилните уреди на „Епл“.
Проценката на руската телекомуникациска инфраструктура открила „аномалии“ во работењето на ајфоните, предизвикани од дотогаш непозна злонамерна програма која користи софтверски пропусти „обезбедени од производителот“, се вели во соопштението на ФСБ.
„Неколку илјади телефони направени од „Епл“ се заразени со малициозен софтвер. Мета не биле само руски државјани, туку и странски телефонски броеви и претплатници кои користат СИМ-картички регистрирани во дипломатските претставништва и амбасади во Русија, вклучително и земји од НАТО и постсоветскиот простор, како и од Израел, Сирија и Кина,“ тврди ФСБ.
Претходно, во март, Кремљ ги забрани ајфоните поради стравување дека тие би можеле да бидат хакирани од шпиони на ЦИА и GCHQ. Извор на московскиот весник „Комерсант“ изјави во тоа време: „Сè е готово за ајфон. Или фрлете го или дајте им го на децата“.
Руските службеници имаа рок до 1 април да ги заменат своите американски телефони со телефони кои го користат рускиот софтвер „Аурора“ или оперативниот систем Андроид. Изворот од Кремљ истакна дека ајфоните биле „поподложни на хакирање и шпионажа од западни експерти во споредба со другите паметни телефони“.
„Паметните телефони не треба да се користат за службена работа,“ посочи во тоа време портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој предупреди дека секој паметен телефон има „транспарентен механизам“, сугерирајќи дека може да биде хакиран.
Заменик-шефот на кабинетот на Путин, Сергеј Кириенко, издаде забрана за користење ајфон на политичките службеници кои ќе работат на руските избори догодина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.